НОВАТА ИНТЕРМОДАЛНА УСЛУГА ЈА ЗАЈАКНУВА ПОЗИЦИЈАТА НА ПРИСТАНИШТЕТО ВО ТРСТ
Компаниите Alpe Adria SpA и Mercitalia Rail неодамна лансираа нов интермоделен железнички сервис на релација Падова-Трст, што ќе биде од големо значење за шпедитерите кои го користат пристаништето во Трст, пренесува adriaports.com.
Новата железничка врска со Падова ќе ја зајакне позицијата на пристаништето во Трст. Оваа интермодална услуга е одговор на потребите на индустрискиот пазар во северо-источна Италија, а главни корисници се Medlog (дел од MSC) i T.O. Delta, која сега префрли голем дел од својот транспорт од пат на железница.
Благодарение на синергијата што е постигната со сувото пристаниште на Падова, сервисот сега работи 5 пати неделно (првично започнаа со три поаѓања), а зголемувањето на динамиката се очекува и во иднина.
Новата услуга ќе има корист од привилегираните услови на пристаништето во Трст за време на пандемијата.
Имено, и покрај сите настани предизвикани од „ковид-19“ во текот на изминатите месеци, морскиот терминал во Трст (контејнерски терминал на пристаништето во Трст) не се соочи со „blank saillings“ потешкотии, особено кога станува збор за МСЦ и Маерск.
Напротив, сè уште има забележително зголемување на волуменот, како и во сообраќајот што го извршува Океанската алијанса (COSCO Shipping, Evergreen, CMA-CGM и OOCL), пренесува adriaports.com.