НЕОБИЧНИ ПРЕВОЗНИ СРЕДСТВА ВО СВЕТОТ

Човекот одамна размислувал како да си го подобри начинот на патување и како на соодветен начин да пристигне од точка А до точка Б. Во различни земји постојат различни решенија за транспорт.

Најчести средства за транспорт на патници се возот или автобусот. Сепак низ светот може да се најдат и неколку невообичаени средства за превоз на патници. Па во продолжение ќе се обидеме да ви презентираме дел од нив:

  1. Миниметро – Перуџа (Италија)

Ова е еден вид на мини верзија на она што се користи како средство за транспорт во подземјето. Тоа се мали, сребрени и многу лесни возови кои поминуваат низ Перуџа, град во Италија. Тие воедно нудат брзо и удобно патување.

  1. The Wuppertal – железничка суспензија

Овој вид на транспорт може да се најде во германскиот град Schwebebahn, како пример за еден од највпечатливите железнички превози. Овој вид на превоз е единствен од ваков тип на градски сообраќај низ Европа. Со должина од 13,3 километри на патниците им се нуди фантастична глетка на градот од една поинаква перспектива.

  1. Маглев воз – Јапонија

Јапонците уште еднаш го срушија светскиот рекорд во брзо возење во рамки на железничкиот сообраќај. Инженерите развија супер брзи – Маглев возови кои користат магнетна левитација за да го намалат триењето. На овој начин, магнетите создаваат и подигање и погон се со цел да се развијат големи брзини.

  1. Чива Експрес, Перу

Чива Екпрес е автобус кој патува по железнички линии. Се користи за поврзување помеѓу главниот град на Кито и главниот град на Перу, вклучувајќи го националниот парк Котопакси. За време на патувањето на патниците им се нуди можност за неворојатна глетка врз националниот парк.

  1. Jeepney – Филипини

Jeepney се најпопуларни превозни средства на Филипините и станаа еден вид на главнa атракција. Тие се комбиња кои личат на оние кич украсени автобуси и се преполни со патници.  На крајот на Втората светска војна, локалното население започнало да ги користи џиповите кои ги оставиле американските војници како свое превозно средство.

  1. DUKW – Londres (Reino Unido)

Британците го револуционизираа јавниот превоз со лондоското метро и познатите двојни палуби.  Но Лондон сеуште има скриено богатство DUKW или познато помеѓу населението како DUCK. Овие автобуси се обликувани и украсени како патка. Исто и овие превозни средства биле оставени од Американците по завршувањето на Втората светска војна. Денес овие превозни средства се користат за разгледување на знаменитостите низ Лондон.

Овие необични средства за транспорт само ја покажуваат неверојатната разновидност низ светот. Сепак не смее да се заборави дека над оригиналноста и дизајнот доаѓа ефикасноста. Ова може да се постигне со добар систем на оптимизација кој е насочен кон перформансите, економската и еколошката одржливост.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *