НА АЕРОДРОМОТ ВО ФРАНКФУРТ ПОРАДИ ЛЕТАЊЕ НА ДРОН ОТКАЖАНИ 143 ЛЕТОВИ
Откако дрон беше забележан во јужниот дел на аеродромот во Франкфурт во раните утрински часови на 9 мај, слетувањата и полетувањата беа забранети на краток временски период, односно после 8.15 часот беше воспоставен редовен сообраќај на најпрометниот аеродром во Германија.
Органот за воздушна пловидба на СР Германија, изјави дека 143 полетувања и слетувања беа откажани, а 48 авиони кои се наоѓаа веќе во воздухот беа пренасочени кон други аеродроми од вкупно 1.500 закажани летови во четвртокот.
Дронот, кое бил околу 1,5 метри во дијаметар, го забележале неколку пилоти. Полицијата беше на местото на настанот и го истражуваше инцидентот. Тие на Твитер објавија дека аеродромот продолжил со редовна работа во 8.18 часот.
Drohnensichtung am @Airport_FRA . Flugbetrieb im Zeitraum von 07:27 bis 08:15 Uhr eingestellt. Aufklärungs- und Fahndungsmaßnahmen der Sicherheitsbehörden wurden umgesetzt. Flugbetrieb seit 08:18 Uhr wieder aufgenommen. Unsere Pressemitteilung folgt. #BPol #WirSindSicherheit pic.twitter.com/ejXhY4Iva7
— Bundespolizei Flughafen Frankfurt am Main (@bpol_air_fra) May 9, 2019
Исто така во март аеродромот беше затворен за сообраќај на половина час поради дрон. Тоа предизвика одложувања и откажување на 60 од 1,439 закажани летови на тој ден.
Во Германија, најстрого е забрането летови на дронови во област на аеродромите при слетувања и полетувања. Сепак, бројот на летови на дронови се зголемува. Минатата година германската контрола на летање (DFL) регистрираше 125 прекини на аеродромите во СР Германија. Најмногу нарушувања (31) се случиле на аеродромот во Франкфурт, по што следеле Берлин-Тегел (17), Минхен (14) и Хамбург (12).
Во 2017 година, биле пријавени вкупно 88 нарушувања на германски аеродроми, додека во 2016 година имало 64 инциденти причинети од лет на дронови.
Германија не е единствената земја што страда од штетници во воздухот. Минатиот декември, аеродромот Гатвик во Лондон беше затворен три дена поради дронови, предизвикувајќи откажување на патување за десетици илјади патници.
Како резултат на тоа, британската влада во март донесе во сила зона на забранети летови за беспилотни летала во радиус од пет километри од британските аеродроми.
Извор: www.thelocal.de