НА АВИОКОМПАНИИТЕ ИМ СНЕМУВА ПАРИ

Ниту една индустрија не е срозена од КОВИД 19 како што е воздушниот транспорт. Држава по држава ги воведуваат забраните за патување – бројот на патниците е драстично намален, а со нив и приходите на авиокомпаниите.

Проценката за загуба во продажбата од 113 милијарди американски долари, што Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА) ја објави на 5 март, веќе изгледа розова. Од меѓународната организација изјавуваат дека на светските авиопревозници можеби ќе им треба 200 милијарди американски долари државна помош за да опстанат.

Многу авиокомпании ги призмејиа своите авиони пред пандемијата. Од 120 авио-компании рангирани од страна на ИАТА само околу 30 оствариле добивка во 2017 и 2018 година. Минатата година дури половина од авиокомпаниите кои оствариле најголем дел од светскиот профит, околу 7 милијарди американски долари, се од Европа, пресметала банката „Ситигруп“.

Многу фирми имаат позајмици за набавка на авиони кои денес „лежат“ по аеродромите поради вирусот. Голем дел од авиокомпаниите кои се во срвено салдо, дури 90 од нив, имаат просечно шест пати повеќе нето-долгови (прилагоден за закуп на авиони) од ебитдар (мерка за добивка на авиокомпанија).

Во јануари, просечен авиопревозник имал доволно пари за да покрие помеѓу 50% и 80% од краткорочните обврски и околу два месеца за приходи, вели ИАТА. Три четвртини не можеле да ги покријат трошоците после три месеци – ако тоа е потребно.

 

Големите компании обезбедија дарежливи кредитни линии од банките. Меѓународната Авио Групација – ИАГ, кој е сопственик на „Бритиш ервејс“, може да користи револвинг кредит во висина од 1,9 милијарди евра (2,1 милијарди американски долари). Британскиот превозник EasyJet, на располагање има 500 милиони американски долари.

Повеќето компании, особено во Европа и Азија, сепак немаат друг избор освен да го намалат летот и да го отпуштат персоналот. Отказите во Америка се сеуште под контрола, додека на авионите сè уште им е дозволено да транзитираат преку воздушниот простор; Southwest има намалено само еден од пет летови.

Доколку приходите паднат за 35% во 2020 година, Делта, Southwest и Јунајтед треба да ја завршат годината со „соодветна“ ликвидност, изјавуваат од JPMorgan Chase, друга банка – сè додека побарувачката не почнува да отскокнува.

Извор: Economist

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *