НАЈАВЕНО ФИНАНСИРАЊЕ НА УЧИЛИШНИОТ ТРАНСПОРТ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВИ ВРЕДНОСТ ОД 40 МИЛИОНИ ФУНТИ

Владата на Велика Британија ќе даде поддршка на илјадници средношколци и студенти, со тоа што ќе овозможи финансирање на нивниот транспорт кон колеџите и училиштата на почетокот на есенскиот семестар, најави секретарот за образование. Со ова се овозможува сите ученици подеднакво да се вратат во училишните клупи со почетокот на школската година.

Со ваквото финансирање ќе се создаде дополнителен капацитет и на илјадници студенти да им се овозможи алтернативен начин на транспорт до училиштето во ситуација на светската пандемија кога мерките на социјална дистанца остануваат на сила.

На учениците, студентите и персоналот им е овозможено да одат, возат велосипед или да користат скутер како начини да стигнат до училиштетото или колеџот. На активно патување британската влада вложи дури 2 милијарди фунти, се со цел да даде алтернатива на јавниот превоз, да се избегнат гужвите и пренатрупаноста на истиот, односно да го користат оние патници на кои им е најнеопходен.

Секретарот за образование Гавин Вилијамсон изјави: „Пред да се оставри националниот приоритет на сите деца и млади кои се враќаат на училиште во септември, барам секој студент или вработен да најде алтернативен начин на транспорт како ќе стигне до својата дестинација. Ако може да користат велосипед, ги замовалувам да го сторат истото.“

„Додека нашиот јавен транспорт комплетно се врати на услуга на сите патници, знам дека илјадници луѓе ќе изберат алтернативни начини на патување, затоа што мерките за социјална дистанца се сеуште на сила, а воедно ние возрасните мораме да се погрижиме нашите деца безбедно да стигнат до училиште.“

„За оние кои немаат друга опција освен користење на јавен превоз, оваа инвестиција на локалните власти, ќе значи дека повеќе студенти ќе може активно да патуваат до нивните крајни дестинации. “ – додава во својата изјава Вилијамсон.

На локалните транспортни власти ќе им се доделат средства за да може да се организара транспорт за децата и младите од дадената област. Ова ги вклучува и оние кои патуваат и ги надгледуваат децата и младите.

Всушност и студентите кои ќе се вратат на едукација од септември ќе имаат бенефит од овие мерки. Локалните власти треба да соработуваат со давателите на услуги  и да ги утврдат своите аранжмани за патување за деца од 16-19 години, имајќи во предвид дека учениците во понатамошното образование повеќе се потпираат на јавниот транспорт за да стигнат на својата крајна дестинација (домот или училиштето).

Локалните власти продолжуваат да имаат законска обврска да нудат бесплатен јавен превоз за сите ученици кои на задолжиетелно школување, оние кои што не можат да пешачат до ушилиште, вклучувајќи ги и оние ученици со посебни потреби. Секако дека палетата на видовите на бесплатен транспорт треба да се прошири и да опфати и неко категории од студентите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *