НАМАЛУВАЊА НА ЦЕНИТЕ НА ROLA ВОЗОВИТЕ ПРЕКУ КОРИДОРОТ БРЕНЕР

Групација на Реил Карго (Rail Cargo Group) ги намалува цените на Rolling Road (ROLA), возови за превоз на камиони, започнувајќи од 1 октомври 2020 година.

Новиот систем на цени овозможува намалување на основната цена за камиони со тежина помала од 40,5 тони (попуст од 9 евра), како и дополнителен попуст за повратен билет (од 6 до 9 евра) за сите патувања по Бренеровиот коридор. Новиот систем на цени овозможува да се резервира патување со ROLA низ Тирол, почнувајќи од 82 евра.

Заштеда на трошоците со РОЛА возовите

Без оглед на бројот на резервирани патувања и врски, сите клиенти на ROLA имаат корист од основните намалувања на цените.

Превозниците и шпедициите кои редовно користат ROLA врски на оската Бренер, особено ќе имаат корист од повратните попусти: ним им се одобруваат 8 повратни патувања во еден календарски месец и ќе се применуваат од првото повратно патување. Значи, колку повеќе се користи ROLA, толку поголем ќе биде попустот.

Придобивање повеќе камиони на пругите

Новиот систем на цени ќе обезбеди широка стимулативна шема за префрлување на повеќе камиони на оската Бренер кон железницата. Понатаму, тоа ги донесува цените на ROLA повеќе во исто ниво со патниот сообраќај.

РОЛА има многу повеќе да понуди од нејзините привлечни цени:

  • Еколошки: Клиентите на ROLA даваат важен придонес во заштитата на животната средина со избегнување на штетни емисии, загадувањето и бучавата.
  • Заштеда на трошоците: трошоците за патарина и гориво се избегнуваат и не се потребни дополнителни инвестиции за интермодална опрема за претовар на ROLA.
  • Високо ниво на безбедност: највисоките нивоа на безбедност може да се гарантираат во текот на целата година кога камионите се на пругите наместо на патот.
  • Одмор додека сте во движење: додека камионите се транспортираат со возот, возачите прават пауза во придружните спални вагони и вагон за одмор.

Повеќе информации на следниот сајт: rola.railcargo.com

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *