МСЦ И ЦМА ЦГМ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧАТ НА МАЕРСКОВАТА ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА TRADELENS

Глобалните контејнерски превозници CMA CGM и MSC Mediterranean Sea Shipping Company (MSC) ќе се приклучат на TradeLens (www.tradelens.com), дигитална платформа за размена на податоци за превозот помеѓу заинтересираните страни, заеднички развиена од А. П. Молер – Maersk и IBM.

Со CMA CGM, MSC, Maersk и другите превозници вклучени на платформата, податоците за речиси половина од светскиот товарен контејнерски превоз ќе бидат достапни на TradeLens.

Додавањето на CMA CGM и MSC ќе обезбеди значителен поттик за исполнување на визијата na TradeLens, поголема доверба, транспарентност и соработка во снабдувачкиот ланец што ќе помогне во промовирањето на глобалната трговија.

Компаниите ќе го промовираат TradeLens и ќе создадат комплементарни услуги на врвот на платформата за своите клиенти и партнери.

„Дигитализацијата е камен-темелник на стратегијата на CMA CGM Group за обезбедување на комплетна понуда прилагодена на потребите на нашите клиенти. Ние веруваме дека TradeLens, со својата посветеност на отворени стандарди и отворено управување е клучна платформа која ќе помогне да се влезе во оваа дигитална трансформација“, рече Рашеш Кришнамурти, извршен потпретседател за ИТ и трансформации при CMA CGM Group. Мрежата TradeLens веќе покажува дека учесниците од целиот систем на синџирот на снабдување можат да имаат значајна вредност“.

TradeLens им овозможува на учесниците да се поврзат, да разменуваат информации и да соработуваат преку системот. Членовите добиваат сеопфатен поглед на сопствената база на податоци и можат дигитално да соработуваат при превозот на пратките низ целиот свет, помагајќи да се создаде транспарентен, сигурен, непроменлив запис.

Според соопштението, атрибутите на блокчеин технологијата се идеално прилагодени за големите мрежи на различни партнери. Покрај тоа, блокчеин воспоставува заеднички, непроменлива евиденција на сите трансакции што се одвиваат во рамките на мрежата и им овозможува на дозволените страни пристап до доверливите податоци во реално време.

Денес, со повеќе од 100 учесници, TradeLens веќе на неделно ниво обработува преку десет милиони дискретни настани поврзани со отпрема на пратките и илјадници документи, обезбедувајќи на бродарите, превозниците, шпедитерите, цариниците, пристанишните органи, давателите на превоз во внатрешниот превоз и другите, заеднички приказ на трансакциите, кои можат да изградат доверба.

Заложбата за правата на сопственост на податоците и дозволениот пристап до податоците помага да се обезбеди приватност и доверливост, а истовремено им овозможува на корисниците поефикасно да соработуваат во размената на податоците за пратките во реално време.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *