МОДЕРНИЗАЦИЈА НА СОФИЈСКОТО МЕТРО
Метрополитен АЕД Софија ја одбра компанијата Transmashholding, која што е подружница на Metrowagonmash, за да изврши модернизација на дополнителни 40 метро-возови од серијата 81- 717.4 / 714.4.
Целта е да се подобри удобноста при патување на корисниците, да се намали потрошувачката, да се намалат трошоците за нивното одржување, а воедно ќе го продолжи векот на користењето на метро-возовите во следните 15 години.
За да се минимизира импактот врз користењето на метрото додека дел од метроата се модернизираат, самиот проект за модернизација е поделен во три фази кои траат по 12 месеци. Во првата и втората фаза на модернизација на метроата, ќе бидат опфатени три метро-возови со по 4 вагони, додеката во третата фаза ќе бидат опфатени четири сета.
Модернизацијата на метро-возовите ќе опфаќа менување на ентериерот и надворешно обновување, инсталирање на нови тркала, заштита против пролизгување инсталирана на тркалата и нови спојници. Материјалите кои ќе се користат се по најновите стандарди за заштита од пожари, потоа застаклувањето на прозорците ќе биде на побезбедно ниво, ќе бидат вградени сензори за чад и температура.
Од аспект на удобноста за патниците ќе бидат поставени поудобни седишта, ќе постојат LED дисплеи на кои ќе ги има поставено потребните информации, но ќе има и држачи кои ќе затоплуваат на допир.
Спогодбата што беше објавена на 25 март е всушност опција за примена на договорот којшто беше потпишан во декември 2018 година. Овие транспортни средства беа вратени во метрото во Софија во февруари.
Метрополитен Софија е првото и единствено метро во Бугарија. Започнува со работа во 1998 г., кога е пуштен во експлоатација првиот дел од подземната железница, со должина од 6,4 км со 5 метро станци. Денес метрото има должина од 40 км со 35 станци.