ЛИСАБОН Е ГРАД КОЈ ЛЕСНО ЌЕ ГО ЗАСАКАШ

Лисабон е град со раскошно наследство, сведок на пребогата историја и ги привлекува сите оние кои сакаат да се нурнат длабоко во португалското наследство.

Португалија била позната како поморска земја и една од најважните колонијални сили. Не е ни чудо, бидејќи спомениците кои на кој било начин се врзани со врвот на португалската моќ, денес се популарни атракции.

Ова најдобро се гледа во областа Белем во западниот дел на Лисабон. Таму, сопствен дом има Кулата на Белем, веројатно најпознатата градска, можеби и воопшто португалска знаменитост. Во близина е споменикот на Откровенијата, но исто така и импресивниот, но помалку познатиот, манастирот Јероним. Белем е добро познат на сите љубители на слатки, кои ја посетуваат најпознатата слаткарница во градот.

Освен раскошното старо градско јадро, Лисабон е исто така горд на својата модерна архитектура, изградена главно по повод Светската изложба во 1998 година. Повеќето од нив се наоѓаат во округот Парк Дас Накоес, изграден за ЕКСПО 1998, во кој доминира Лисабонскиот Океанариум, еден од најдобрите аквариуми во светот. Тој дел од градот на север се граничи со уште една модерна архитектонска локација – најдолгиот европски мост, именуван по познатиот морнар Васко де Гама.

Што да пробате од јадењата во Лисабон

Најчесто јадење тука е бакаларот, подготвен на десетици различни начини. Шетајќи по улиците ќе бидете придружени со мириси од многу риби, но најчесто со мирисот на сарделата. Исто така, честопати ќе наидете и на орада.

Виното е исто така омилен пијалок во Лисабон. Освен многу присутниот Порто, можете да се обидете да ги пробате вината од Мадеира или Мускатот од регионот Сетубал (Moscatel de Setubal). Ако барате пиво, најверојатно ќе ги најдете двете најпознати национални имиња – Супер Бок и Сагрес.

Меѓу другите јадења, популарни локални специјалитети се полжавите и зајачкото месо. Се разбира, ќе најдете и типични јадења, како што се свинското или телешкото месо со компири и слично.

Pasteis de Belem

Она по што е  Лисабон познат е љубовта кон слатките. а тоа најдобро се гледа преку јадењето наречено пастел де ната (во множина пастис де ната). Тоа се кошници исполнети со крем од јајца и ванила, врз кои на крајот се посипува цимет и шеќер. Колачето е она во што ќе се вљубите на прв поглед и најдобро е да го пробате на местото каде што почнало за прв пат комерцијално да се произведува – во слаткарница ‘Antiga Confeitaria de Belem’ (www.pasteisdebelem.pt), чии колачиња го должат своето второ име – ‘Pasteis de Belem’.

Јавен превоз во Лисабон

Лисабон има многу разновидна мрежа за јавен превоз – има метро, автобуси и трамваи, а можете да користите и возови.

Метро

Метрото е секако, најефикасно средство за јавен превоз во Лисабон. Во моментов има четири линии кои ги опфаќаат повеќето од важните места во градот. Мрежата постојано се проширува, па сега и аеродромот е една од станиците на црвената линија.

Автобус

Автобуската мрежа е навистина голема и во моментов покрива околу 80 линии. За жал, таа е често неефективна, бидејќи некои од линиите вклучуваат 50 станици. Значи, возењето од едниот крај до другиот крај на линијата може да потрае и повеќе од еден час. Со оглед дека дел од овие линии се движат „цик-цак“ низ градот, исто така ќе треба да одите пешки. Меѓутоа, во повеќето случаи, автобусот ќе ви биде корисен. Но ако можете да избирате, дајте му предност на метрото или трамвајот.

Трамвај

Денес, трамваите најчесто се користат како туристичка атракција, иако нивните линии се всушност многу привлечни и ги покриваат најтешките и најбрдовитите делови на градот. Денес има пет линии – 12, 15, 18, 25 и 28, од кои за туристите најинтересни се линиите број 15 и 28.

Возови

Понекогаш можете да ги користите и возовите (www.cp.pt) за возење низ градот, кој можете да го користите во склоп на интегрираниот транспортен систем Zapping. Сепак, во повеќето случаи, метрото е поедноставно решение.

Исто така, Лисабон има четири жичари, наречени Бика, Глорија, Лавра и Санта Јуста. Тие се многу популарни, а од нивните врвови обично ве чека добар поглед на градот.

Видови и цени на билети за јавен превоз во Лисабон

За да користите метро, треба да купите електронска картичка Viva Viagem (7 colinas). Тaа чини 0,50 евра и може да ja купите на автоматите во секоја метро станица. По купувањето, треба да го naполните на еден од трите начини – so 24-часовна (“дневна”) картичка или да ја користите услугата Zapping, со која ќе имате попусти доколку ja наполните повеќе од 5 евра или да користите поединечни редовни цени, најнеисплатлива варијанта.

Тип на билет Цена
Бонуси за уплата на вредносна превозна картица 5,00 € (0,15 €)
Со користење на вредносната картица со услугата Zapping остварувате различни попусти и бонуси на цената. Во цената е наведен минималниот износ на уплата, а во заградата колку добивате бонус за уплатениот износ. 7,00 € (0,35 €)
10,00 € (0,75 €)
15,00 € (1,15 €)
Редовен билет 1,40 €
Редовен билет за метро и мрежата Carris
Редовен билет за метро и мрежата Carris со користење на Zapping услугата 1,25 €
24-часовен билет 6,00 €
Важи 24 часа после првото поништување. Може секаде да се користи.
Редовен билет за бус и/или трамвај 1,25 € (Zapping)
1,40 € (Viva viagem)
1,80 € (во бус)
2,85 € (во трамвај)
Редовен билет за жичара 3,60 €
Наведената цена важи за сите жичари освен Santa Justа. Важи за двата правца.
Редовен билет за жичарата Santa Justa 5,00 €
Ако имате 24 часовен билет, за видиковецот доплаќате само 1,50 евра.

Плажи во Лисабон

Лисабон се наоѓа на реката Тејо, но устието во Атлантскиот Океан е многу близу до центарот на градот и голем број туристи во текот на летото се во потрага по своето место на километри песочни океански плажи.

Најпопуларен е „потегот“ спрема Кашкаис – Cascais. Самиот град е полн со прекрасни плажи, како и соседниот Есторил. На оваа релација возат возови на португалските железници, а една од станиците е Каркавелос – Carcavelos, каде што се наоѓа доста популарна плажа, главно кај младите луѓе.

Ако се одлучите за друга насока, на југ, добри плажи може да се најдат околу Сетубал, но патот до нив е нешто подолг и посложен од оној до Кашкаис. Добрите плажи во никој случај не се достапни со јавен превоз, а од оние кои се, најдобро е да се упатите кон Сесимбра. До таму можете да стигнете директно од лисабонскиот плоштад Праца де Еспања, од каде што возат автобусите на Сул до Тејова 207 и 252 (www.tsuldotejo.pt). Споменатиот лисабонски плоштад се наоѓа веднаш до центарот на градот, помеѓу станиците Entrecampos и Sete Rios, каде што се наоѓа главната меѓуградска автобуска станица. Возењето трае околу еден час, а билетот во еден правец чини нешто повеќе од пет евра.

Сместувањето во Лисабон

Лисабонската клима е многу пријатна, па сезоната трае доволно долго, од почетокот на пролетта до крајот на есента, па дури и нешто подолго. Во тоа време собите се многу поевтини отколку во текот на пролетта и летото, па на пример хотел со 4 ѕвездички може да се најде за 20 евра за една ноќ по лице. Ако резервирате на време, слични цени се достапни и за сезонските месеци.

Центарот на самиот град му припаѓа на Бајша – Baixi, западно од него се наоѓаат Bairro Alto и Chiado, а источно Alfama. Ова е најшармантниот и најжив дел од градот, а тука исто така се наоѓаат поголемиот дел од знаменитостите. Освен Бајша, останатите квартови се прилично брдовити, па имајте на ум ако не сте љубител на качувањето по лисабонските ридчиња.

Превоз до Лисабон

Аеродромот во Лисабон е најпрометниот во Португалија и е добро поврзан со остатокот од Европа. Нема директни линии од РС Македонија, но врскaта може да се  оствари со прелет од другите европски аеродроми или од софискиот аеродром со Виз Ер.

Од Софија има директни летови во сабота и вторник во двата правца и цената на повратниот билет чини околу 250 €.

Авио компанијаден на
сообраќај
ОдДоЦена
Wizz Air1 и 5СкопјеBarcelona
17:5520:4520€
TAP Portugal1 - 7BarcelonaLisbon
22:4023:3530€
ОБРАТНО
TAP PortugalLisbonBarcelona
1 - 716:3519:2565€
Wizz AirBarcelonaСкопје
1и 521:2500:1025€
Од Софија
Wizz AirСофијаLisbon
2-619:2021:30
45€
LisbonСофија
2-622:3504:30 +1 Day
130€

Врски со аеродромот

Покрај метро линијата, постојат и две експресни автобуски линии, т.н. Aerobus (www.yellowbustours.com). Првата линија заминува од центарот на градот и вози од Каис до Содра до аеродромот, каде што, меѓу другото, исто така, запира и во Росио, Рестаудорес, Маркес де Помбал и Ентреквампос.

Втората линија започнува од финансискиот центар на градот, па затоа е првата станица на Хозе Малуо (Сул), а од најважните станици исто така запира во Сете Риос и Ентрек Кампо.

Цената на билетот во еден правец за Aerobus на релација град-аеродром изнесува: 3,50 евра.

Лисабон има многу сјајни локации, но невозможно е да се опишат сите. Доколку планирате да патувате за Лисабон, Ви посакуваме убав помин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *