ЛЕКАРИТЕ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА „ЌЕ ПРЕПИШУВААТ“ ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД НА „РЕЦЕПТ“
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон ја објави стратегијата за велосипедизам и пешачење, со стратешки планови, вклучувајќи бесплатни обуки за велосипедисти, повисоки стандарди за инфраструктурата наменета за велосипедизам и пешачење и националната програма за е-велосипеди.
Нови илјадници милји велосипедски патеки, обуки за велосипедисти, задолжително возење на велосипед ќе бидат дел од стратегијата за велосипедизам и пешачење во Велика Британија.
Справување со здравствените и еколошките предизвици
Насоката е да се направи одржлив транспорт во време на пандемија, сеопфатно, долгорочно и активно патување со велосипед и вградување на придобивките на пешачењето и велосипедизмот во секојдневниот живот.
Џонсон изјавува: „ Да се помага на луѓето да се вклопат, да се здрави и да го намалат ризикот од заболување, да се подобри квалитетот на воздух, да се намали метежот, возењето на велосипед и пешачењето да имаат голема улога во борбата со некои од најголемите проблеми како што се здравствените и еколошките предизвици со кои се справуваме во ова време.“
„Но за да изградиме поздрава и поактивна нација, потребна е соодветна инфраструктура, обука и поддршка за да им влееме доверба на луѓето и тие да започнат да патуваат со велосипед. Затоа сега е време за промени, да спроведеме храбри и одржливи планови, односно да ги промовираме активните патувања, за да може секој поединец да ги почувствува процесите на трансформација од возењето на велосипед и пешачењето.“
Грант Шапс, секретарот за транспорт, додава: „Имаме единствена шанса да се создадат промени на мислењето на идните генерации и да привлечеме што поголем број на луѓе да пешачат и да возат велосипед, односно тоа да стане дел од нивната секојдневна рутина.“
„Мерките што денес се преземаат со овој револуционерен план не водат токму во таа насока. Без оглед на вашата возраст, колку далеку треба да патувате или вашата моментална самодоверба како велосипедист – ние правиме планови и напори за да ви олесниме и да ве поддржиме се повеќе да го користите велосипедот како транспортно средство.“
„Со помагањето од наша страна вие да го поправите вашиот велосипед или да си купите нов кој би бил на електричен погон, со зголемување на просторот за паркирање на вашите велосипеди на станиците, воведување на безбедни пешачки зони или патеки, велосипедска инфраструктура ние правиме значителни напори луѓето од Англија да станат активна нација која пешачи или вози велосипед.“ – додава Шапс во неговата изјава.
Стратешки план
Обврските во стратешкиот план, кои ќе бидат финансирани со 2 милијарди фунти, вклучуваат:
- Храбрење на луѓето да го користат велосипедот како превозно средство, обуките за велосипедисти да бидат достапни за секоја возрасна категорија преку училиштата, локалните власти или директно преку центрите за обука за возење на велосипед;
- Места за паркирање на велосипеди поставени во кругот на транспортните станици и јавните згради;
- Поставување на високи стандарди за велосипедска инфраструктура;
- Финансирање на нови хангари за чување на велосипеди и улично складирање на велосипедите за луѓето кои немаат доволен простор истите да ги чуваат во својот дом;
- Зголемување на инвестициите преку создавање на долгорочни програми за велосипедизам и буџет за задолжително финансирање;
- Да се направат побезбедни улиците за велосипедистите и пешаците преку зајакнување на автопатските прописи и казни;
- Поддршка на локалните власти за поригорозно спроведување на сообраќајните прекршоци:
- Подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на сообраќајниот метеж преку создавање на пријателски зони за пешаците и велосипедистите, финансирање на што повеќе такви области, создавање на област со нулта емисија на гасови;
- Пилот – проекти за велосипедизам и пешачење особено во зони со ниско здравствено ниво, каде велосипедите ќе бидат „препишани на рецепт“ од страна на лекар и ќе бидат бесплатно добиени од здравствениот систем;
- Зголемување на пристапот до е–велосипеди, за да им се помогне на постарите лица кои би требало да патуваат на подолги релации со велосипед.
Со отпочнувањето на оваа стратегија ќе бидат доделени првите ваучери со вредност од 50 фунти и ќе бидат наменети за одржување на велосипедите, се со цел поттикнување на луѓето активно да патуваат со нив.