КРИЗАТА ГО ПОГОДУВА И ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ПРЕВОЗ

Пандемијата на коронавирус најверојатно озбилно ќе влијае на железничките оператори, сопствениците на возила и секторот за производство на железничка опрема. Ова го покажува студија спроведена од германската консултантска компанија СЦИ Феркер.

Извештајот детално ги анализира железничките пазари во Германија, Франција, Италија, Полска и Чешка, разгледувајќи ги товарниот и патничкиот сектор. Аналитичарите разгледуваат три можни идни сценарија: „враќање на блокадите“, „пазарни превирања“ и „брзо закрепнување“.

Опишувајќи го можното повторно воведување на мерки на ограничување на движењето во случај на нов бран наесен како „најверојатно“ сценарио, аналитичарите сметаат дека тоа би довело до пад од скоро 20% во железничкиот превоз во Европа за 2020 година, додека патничкиот сообраќај ќе се намали за 40%. Во ова сценарио, се претпоставува дека бизнисот нема да закрепне на нивото пред кризата до 2023 или 2024 година.

Се очекува сериозната загуба на приходите кај патничките оператори делумно да се компензира од страна на владите. Додека товарните железнички оператори, „кои првично беа помалку погодени“, исто така ќе бидат изложени на притисок заради широко распространетата ниска маргина и ценовната конкуренција во овој сектор.

Нето резултатот од овие трендови ќе биде значително намалување на расположивите инвестициски фондови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *