КОРИСНИ И ИНТЕРЕСНИ СОВЕТИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СИЦИЛИЈА
Со оваа статија го започнуваме серијалот на совети за патувања кои пред се ќе се однесуваат на превозот до одредени дестинации.
Како најголем остров во Медитеранот и тесна врска со континенталниот дел на Италија, Сицилија делува како влезна порта за патниците многу векови. Мешавината на култури кои ќе ги сретнете на Сицилија има оставено зад себе мешавина на архитектонски стилови, разновидна кујна и низа на уникатни традиции.
Посетете големи градови, мали градчиња и селски места
За да ја доживеете Сицилија, планирајте да ги посетите големите градови (Палермо, Сиракуза); помалите гратчиња (Рагуса, Трапани, Таормина, Чефалу); и впечатливите глетки од селата (планината Етна, антички храмови и театри, блескавите мозаици во катедралата Монреале).
За посета на само неколку дена, со престој во Таормина или Катанија може да се направат патувања до Сиракуза и планината Етна, а потоа да поминете еден или два дена во Палермо.
Доколку имате повеќе денови на престој, размислете да го додадете изборот и на други градови:
- Агриџенто – со неговите извонредни древни храмови,
- дополнително време во Сиракуза -за неговите антички локации и прекрасната урбана градба,
- Рагуса – за својот низок градски ридски амбиент,
- Трапани -пријатен град на западниот брег со низа искуствени пропратни патувања, од солени плажи до ридски гратчиња на мали островчиња и
- градот со прекрасната плажа, Чефалу.
Како да стигнете до Сицилија?
Секако начинот на патување зависи од вас, вашата фамилија и буџетот. Одбравме неколку начини, а тоа се:
- пакет аранжмани преку туристичка агенција;
- Авион/ рент а кар;
- Сопствено возило и
- Јавен комбиниран превоз.
Аранжмани преку туристичка агенција
Аранжманите преку туристичките агенции кои се нудат во С. Македонија за Сицилија опфаќаат авионски чартер летови од Белград или Софија, како и автобуски поаѓања од Скопје преку Драч ( со преспивање). Аранжманите се претежно со 7 ноќевања и цените се движат од 580 € па нагоре по лице, во зависност од пакетот.
Авион/ рент а кар
Доколку сте обезбедиле само сместување преку некоја туристичка агенција или онлајн букер агенции, Ви останува да го организирате превозот. Една од варијантите ви е авионскиот превоз. Од скопскиот аеродром немата директен лет за сицилијските аеродроми, а со еден прелет и со еден авио оператор можете да патувате преку Белград со Ер Србија ( Скопје-Белград-Катанија или Палермо), а транзитното време изнесува околу 8 до 11 часа од правец.
Доколку сакате да користите повеќе авио оператори ви ја нудиме следната варијанта на патување:
[table id=3 /]
Од ниско-буџетните компании, Виз Ер има директни летови секој четврток и недела на релација Софија-Катанија.
Изнајмување на возило во Катанија ќе ве чини од 30 €/ден за возило со мотор на бензин и зафатнина од 1.2 па нагоре.
Сопствено возило
Доколку патувате со возило имате можност да бирате од овие две варијанти со траект:
Првата е преку Валона (Vlorë), при што од Скопје преку Косово треба да поминете 411 км., од кои 129 км на автопат за време од 6:37 ч. ефективно возење. Траектот на релација Валона – Бриндиси е во организација на Red Star Ferries ќе ве чини околу 180€ во правец, односно 350€ повратен билет за двајца возрасни и едно возило до 4.25 м.
Втората варијанта е преку Игуменица Грција. Доколку сте од северо-источниот дел на земјата ќе ви одговора да се упатите преку автопатот Е-75, односно да влезете во Грција преку Гевгелија и пред Солун да се приклучите на автопатот Егнатија за Игуменица. Во овој случај патувањето од Скопје би траело околу 5:30 ч. и ќе поминете 518 км. од кои 484 км. на автопат. Од Игуменица пет пати во неделата, во 00:30 ч. испловува траектот на Грималди лајнс и патувањето трае околу 9 часа. Цената на повратен билет за двајца возрасни и возило изнесува околу 285 €.
Од Бриндиси имате можност патувањето го продолжувате за Катанија кое трае 07:20 ч., односно имате да поминете 541 км. од кои 479 км на автопат.
Јавен комбиниран превоз
Доколку се решите да тргнете со сувоземен јавен превоз ви ја предлагаме следната варијанта:
Од Тетово До Бари со автобус во организација на Дурмо Турс. Патувањето трае околу 12 часа, а цената по патник изнесува околу 60 € во правец. Од Бари за Катанија имате 2-3 автобуса на Фликсбас и цената на билетот изнесува околу 60€, апатувањето трае околу 9 часа.
На Сицилија со сицилијански манири
Трикот за возење на Сицилија е да се задржи на ум дека возите на Сицилија. Ми требаа неколку дена да се ослободам од моите предрасуди за работи како што се почитување на сообраќајни знаци или зошто е лоша идеја да се паркирам на средината на улицата или важноста на возилата да останат во нивните ленти.
Влегувајќи во голем град како Палермо или Катанија, заборавете на правото на пат и почитување на знаците – само одете со протокот на локалните возила.
Сицилија е идеален „длабок пресек“ за познавачите на Италија кои веќе ги виделе Венеција, Фиренца и Рим и сакаат да ја искусат Италија од друг аспект, кој е поинтензивен и предизвикувачки. Но, кога сте прв пат на Сицилија би можеле да ви засмета: брмчењето на моторните скутери, нерамната инфраструктура, луѓе кои додека говорат мафтаат со рацете и, да, повеќе графити и ѓубре на патишта отколку што веројатно ви се гледа.
Сицилија повеќе се чувствува како Мексико отколку Милано. Потребни се неколку дена за да се прилагодите на уникатните ритмови на островот, но откако ќе го направите, не можете лесно да се откажете од Сицилија.
Најдобро од сè, во цела Европа, Сицилијанците се некои од најпознатите пријатни луѓе со кои едноставно комуницирате. Прошетајте низ раздвижениот пазар, разговорајте и дозволете некој продавач да ве убеди за купување на тиквички што не ви се потребни.