КОНТЕЈНЕРСКИ БРОД ИЗГУБИ СКОРО 2.000 ТРАНСПОРТНИ ЕДИНИЦИ ВО ПАЦИФИЧКАТА БУРА

ТОКИО (Ројтерс) – Скоро 2.000 контејнери од бродот управуван од NYK Shipmanagement од Јапонија се изгубени или оштетени кога го погодило бурно невреме во Тихиот океан, соопштија од компанијата, додавајќи дека бродот се упатил во Јапонија за проценка.

Толку голема количина на загубени контејнери е ретка во меѓународната бродска индустрија чиј годишен просек изнесува помалку од 1.400 ТЕУ во последните 12 години.

ONE Apus, сопственост на Chidori Ship Holdings, патувал од Јантијан во Кина до Лонг Бич, Калифорнија, кога налетал на силна бура на одалеченост од 1.600 наутички милји (2.960 километри) северозападно од Хаваи, се вели во соопштението издадено во име на компаниите.

Воден меур предизвикал бродот да се „стркала“ при што контејнерите се превртеле.

„Се проценува дека бројот на изгубени или оштетени транспортни единици може да надмине 1.900, од кои се верува дека околу 40 се контејнери со опасни материи“, се вели во соопштението.

Графички приказ на маршрутата на контејнерскиот брод ‘ONE Apus’, кој изгуби скоро 2.000 контејнери откако го погоди невреме на пат кон САД:

Портпарол изјави дека досеа не слушнал за изгубен толкав број на контејнери во претходни инциденти со големи контејнерски бродови.

ONE Apus треба да пристигне во пристаништето Кобе, Јапонија на 7 или 8 декември, изјави портпаролот.

Извештајот на Светската поморска асоцијација за 2020 година објави дека во изминатите 12 години, годишно во морето се губат во просек по 1.382 контејнери.

Исто така, со извештајот се објавија и податоците за извршениот превоз во 2019 година, односно со бродскиот превоз вкупно биле превезени 226 милиони ТЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *