КОМПАНИЈАТА ТРАНСАГЕНТ УСПЕШНО ГО ЗАВРШИ ПРОЕКТОТ „ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ВАГОНИ ЗА ТРАНСПОРТ НА КОНТЕЈНЕРИ – ЛАДИЛНИЦИ“

Во април 2017 година, транспортната компанија Трансагент ДОО од Ријека во соработка со Технички факултет на Универзитетот во Риека започнаа со проектот „Електрификација на железнички вагони за транспорт на  контејнери-ладилници“.

Проектот е започнат со цел да се постигнат предусловите за обезбедување на подобра железничка транспортна услуга за контејнери-ладилници, односно да се изгради железнички вагон со конвертор на електричната енергија за напојување на контејнерите ладилници и да се овозможи во реално време комуникација на виталните параметри (напојување, температура во контејнерот, позиција и сл.) помеѓу транспортната единица (воз / вагон / контејнер) и корисникот.

Целта на проектот е да се подигне нивото на услуга и конкурентноста на транспортот на контејнери-ладилници со железница, што ќе биде можно благодарение на иновативниот прототип на вагоните тип REEWA за превоз на контејнери и создавање кориснички интерфејс што овозможува следење на истите, како и виталните параметри во реално време. Корисничкиот интерфејс  е креиран и истиот веќе е тестиран.

Во ноември 2017 година, вагонот беше претставен пред јавноста во Загреб. Во 2019 година е регистриран во Република Хрватска, а со цел да се овозможи достапност на поширокиот пазар и да може да работи надвор од Република Хрватска, со што би се прошири кругот на заинтересираните корисници, беше изавршена хомологацијата на вагонот во Република Унгарија и Република Србија.

Компанијата спроведува континуирани преговори со потенцијални странски деловни партнери, кои се заинтересирани за комерцијализација на овој производ, поради што се врши обука на персоналот на заинтересирани партнери.

Овој проект има за цел да го зголеми учеството на транспортот на контејнери-ладилници со железница и да го зголеми уделот на продажбата на оваа услуга во износ од над 70%.

Тековните тестови за комуникација се на крајот: железничка мрежа – контејнер – конвертер. Постигнувањето на целосна функционалност на корисничкиот интерфејс ќе овозможи достапност на нова услуга за следење на контејнерите на корисниците.

Проектот е кофинансиран со помош на средства од Европската унија преку структурните и инвестициски фондови.

Извор: www.rijekadanas.com

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *