КОМПАНИЈАТА ЗА ЕЛЕКТРО МОБИЛНОСТ НА УСАИН БОЛТ ГО ПРЕТСТАВИ ПРВИОТ ПРОТОТИП НА ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО
Откако се повлече од центарот на вниманието на Олимпијадата во 2017 година, спринтерот Усаин Болт, кој сеуште е најбрзиот атлетичар на 100 и 200 метри, започна да инвестира, а еден од неговите први инвестиции е компанијата за електро мобилност со седиште во САД, Болт Мобилност (Bolt Mobility).
Во четвртокот, Болт го претстави прототипот на електричното мини возило на теч шоуто во Париз и почна да прифаќа резервации. Електро возилото се нарекува Bolt Nano или B-Nano на кратко. Возилото ќе биде дел од сервисот за изнајмување на електрични скутери кој е веќе достапен во неколку градови во САД, вклучувајќи ги Атланта, Мајами, Нешвил, Портланд, а оваа недела започна и во Париз.
Компанијата објасни дека скутерите се идеални за едно лице кое патува 3-5 километри. За патувања до 25 километри, компанијата ќе го позиционира Болт Нано како нова опција. Малото електрично возило може да прими двајца патници, односно патникот седи зад возачот, исто како во Renault Twizzy, а четири од овие возила можат да се паркираат на едно стандардно место за паркирање.
Болт не откри никакви спецификации, но компанијата соопшти дека Bolt Nano ќе има батерија која ќе може да се замени, така што полнењето може брзо да се направи. Првите примероци на патиштата ќе се појават во 2020 година, а за резервацијата треба да се одвојат 999 долари. Вистинската цена ќе биде објавена пред почетокот на производството.
Болт ќе ги нуди автомобилите преку сопствената мрежа за изнајмување, но компанијата исто така бара и приватни сопственици да ги купуваат автомобилите и да го додаваат во мрежата на изнајмување. За возврат, сопствениците ќе можат да учествуваат со 50 проценти од приходите што автомобилот ги заработува. Сеуште нема збор за локацијата каде ќе почне да функционира.
Извор: www.motorauthority.com