„КАМПЕРСКО КОМБЕ“ – ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПОБЕДНИК ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА СО КОВИД 19

За време на пандемијата на КОВИД 19 и потребата од социјално дистанцирање во Велика Британија доведе до зголемена побарувачка на кампери или глампервани, во согласно со дозволениот домашен буџет.

За оние кои можат тоа да си го дозволат, овие кампери стануваат задолжителен додаток кој нуди комфор и удобност.

Врвните модели доаѓаат од околу 100 000 евра или во секој случај може да се изнајмат.

„Одморите со кампери ова лето навистина се зголемија и воедно се зголеми побарувачката на кампери, со голем број на пребарувања и резервации“ – вели Луси Кејл ко – основач и управител на GlamperRV.

„Тоа значи дека луѓето ќе можат да одат на одмор и воедно да бидат социјално оддалечени, да бидат социјално изолирани и истотака тие можат да работат од овие нивни моторизирани домови. Ваквите кампери нудат многу можности“ – додава во својата изјава Кејл.

Но секако, поседувањето на камперван не мора да значи трошење на цело богатство, во секој случај може да си дозволите од класичните модели ако сакате сами да си ги направите,

Токму тоа го сторила Алисон Корик.

„Во суштина решивме да купиме кампер и најдовме еден што во суштина беше празна школка, па решивме целосно да го реставрираме.  – вели Алисон Корик.

„Буквално имаше волан, две предни седишта и тоа беше се. Внатре го преуредивме од почеток, за да може да не собере сите за да можеме да одиме на одмор. Потоа решивме да го изнајмуваме за свадби. “ – ја продолжува својата приказна Алисон.

Су Севен презела сличен потфат и сега го поседува нејзиниот кампер како што таа го нарекува VW Transporter Caravelle the Purple Emporium.

„Не е некој луксуз, но изгледа сосем пријателски. Целото искуство беше многу убаво.“ – вели таа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *