ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА АВИОПРЕВОЗОТ – ПРОДОЛЖЕНИЕ

Овој текст е продолжение на интересните факти за авиопревозот.

Chicken gun е безбедносен тест

  • Овој неверојатен тест се користи да се испита јачината на ветробранските стакла на авиoните кога во нив удираат птици. И пред да ја пријавите авијацијата во Анима Мунди, имајте на ум дека кокошките кои ги користат за овие тестови се веќе мртви.

Полетувањето и слетувањето се најопасните маневри од летот на авионот

  • Според извештај на Боинг, околу 18% од вкупниот број на несреќите се случуваат при полетување или во првите три минути од полетувањето, додека 48% од несреќите се случуваат при слетување.

Најтешкиот авион во светот тежи околу 600 тони

  • Антонов An225 има импресивна тежина при полетување која изнесува 591,7 тони во споредба со Боинг 747 која е 347, 091 тони.

Најбезбедни седишта се оние во задниот дел на авионот

  • Според „Тајмс“ стапката на смртност на патници кои седеле во задната третина на авионот била 32 %, стапката на смртност на патници кои седеле во средната третина била 39%, додека пак во предниот дел била 38%.

Авионите може да предизвикаат грмотевици

  • Кога авионот поминува низ облак може да предизвика промена на електрицитетот и со тоа да предизвика грмотевици. Но не се плашете, ако гром го погоди вашиот авион вие сте прилично безбедни, бидејќи се преземени безбедносни мерки за да се заштити авионот и патниците.

Ќебињата во авионот не се перат на секое користење

  • Ако имате во план убаво да се опуштите под ќебенце додека летате со авион, помислете на тоа дека овие ќебиња можеби не се испрани еден месец (просек на перење на ќебињата е еднаш месечно)

Резервоарот на Боинг 747 може да собере 183 384 литри гориво

  • Секако дека оваа количина гориво не се искористува при секој лет, на пример на летот Њујорк – Лондон, ќе се искористи третина од ова гориво.

Затемнувањето на светлата на авионот не е со крајна цел да ве успие

  • Убаво е да се замисли дека авиокомпаниите мислат на тоа вие да се чувствувате удобно и затоа ги затемнуваат светлата, напротив, целта е да Ви се прилагодат очите на потемна средина и тоа да ви помогне во случај на евакуација ако се случи авинска несреќа.

Издувните гасови на авионите убиваат повеќе луѓе отколку авионските несреќи

  • Според студија на Институтот во Масачусетс, издувните гасови од авионите убиваат 8 000 луѓе годишно, за разлика од авионските несреќи, при што годишно умираат помалку од 1 000 луѓе.

Вратите на авионите не може да се отворат во текот на летот

  • Иако голем број на луѓе се обиделе да ги отворат вратите во текот на летот не успеале во тоа, иако подоцна се уапсени. Треба да се знае дека вратите на авионот не може да се отворат поради разликата на притисокот внатре во кабината и надворешниот притисок.

Сите пилоти кои летаат на интернационално ниво треба да имаат основно познавање на англискиот јазик

  • Ова е со цел да се избегнат фатални грешки при комуникацијата кои би предизвикале авионска несреќа.

Насочување на ласерски покажувач кон авион е кривично дело

  • Со вашите миленици можете да го користите ласерското светло колку што сакате ама ако го насочите кон авион или кон неговиот патен правец, во САД може да се соочите и со петгодишна затворска казна.

Светскиот најстар авион во 2019 година наполни 100 години

  • Холандската компанија КЛМ има најдолг континуиран работен рекорд на своите авиони кои полетуваат и слетуваат од 1919 година

Тоалетите во авионите може да се отворат и од надворешна страна

  • Иако додека го користите тоалетот во авионот се заклучувате и се појавува знакот „зафатено“, сепак авионскиот персонал има начин како да влезе во тоалетот. Секако дека ќе влезат во тоалетот додека сте вие само ако се работи за ваша безбедност или за безбедност на останатите патници.

Една авиокомпанија немала фатални несреќи

  • Иако веќе оперира скоро еден век австралиската компанија Qantas никогаш немала фатална несреќа во која учествувале авиони за комерцијални летови.

Во Боинг 747 има 140 милји на жица

  • Според Tyco Electronics во еден Боинг се вградува жица која тежи 1 587, 6 со должина од 225,3 километри

Американските компании штедат околу 40 000 долари со кратење на една состојка во оброците

  • Кога за првпат American Airlines требала да штеди увидела дека со отстранување на само една состојка во оброкот за патниците може многу да заштеди. Па така кога ја остраниле маслинката од салатите кои ги служеле тие за една година заштедиле 40 000 американски долари.

Водата во авионот е полна со бактерии

  • Иако може ќе сакате да заштедите пари и да не ја плаќате прескапата влаширана вода која се продава  во авионот, но водата во самиот авион е полна со бактерии кои се опасни по здравјето. При направени истражувања се најдени салмонела, стафиколакока, потоа јајца на инсекти, откриени се околу 37 видови на различни бактерии. Авиониоте на подолги реалции имаат полош квалитет на водата во однос на авионите кои сообраќаат на пократки релации

Најстрашните судари на авиони се случуваат на копно

Во 1977 година во Тенерифе се случил најсмртоносниот судир меѓу Пан Ам лет 1736 и КЛМ лет 4805, двата Боинг авиони. Несреќата се случила порада маглата и слабата видлививост,а не од пилотска грешка. Во оваа несреќа загинале вкупно 583 патници и членови на екипаж како последица на пожарот кој избувнал по судирот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *