ЗОШТО ТРЕБА И КАКО МОЖЕТЕ ДА ДОЈДЕТЕ НА КРИТ

Продолжуваме со серијалот „Патуваме“, денешната дестинација е грчкиот остров Крит (Crete-Κρήτη).

Крит, најголемиот остров во Грција, познат по својот разновиден терен, кој се протега од песочните плажи во Елафониси (Elafonisi-Ελαφονήσι) до Белите планини. Највисокиот врв, Ида, каде се наоѓа Идеоновата пештера, која според грчката митологија е родното место на Зевс.

Главниот град Ираклио (Heraklion/Heraclion-Ηράκλειο) е дом на познатиот археолошки музеј Ираклион, во кој се изложени минојските артефакти и Кносос, како и населба од бронзеното време.

На островот има околу 600.000 жители, кои главно живеат во градовите со богат и разновиден општествен живот.

Остров без река

Како што се возите низ критските предели, забележувате дека на Крит нема река, но и покрај недостатокот на површински речни текови, островот има доволни залихи на вода кои извираат од карстните извори во текот на зимскиот период од годината.

Во минатото, Крит бил покриен со густи шуми од кипарис, бор и зимзелени платани. Меѓутоа, поради честите шумски пожари во минатото, Крит сега е речиси соголен остров обраснат со макија. На западната страна, островот го прекриваат маслинови и плантажи од портокали. Се верува дека Крит е родното место на маслинките.

Како до Крит?

Бидејќи Крит е најоддалечена точка на Грција, во повеќето случаи луѓето одат со авион, додека вистинските авантуристи се одлучуваат за автомобил и патуваат со фери-брод преку пристаништето Пиреја. Иако патувањето трае околу 12 часа, тоа е, секако, незаборавно искуство кое се памети за цел живот.

Авион

Со авион за Крит може да заминете од Скопје со трансфер во Атина со лет за Ираклио или Хања, додека од Солун можете да заминете со директен лет за Хања.

Авио компанијаден на
сообраќај
ОдДоЦена
Aegean Airlines1 и 6СкопјеХања (Chania)
Aegean AirlinesСо трансфер во Атина13:4018:45150 €
Aegean Airlines1 и 6Хања (Chania)Скопје
Aegean AirlinesСо трансфер во Атина09:2014:15170€
Aegean Airlines1 и 6СкопјеИраклио (Heraklion)
Aegean AirlinesСо трансфер во Атина13:4020:10130€
Aegean Airlines1 и 6Ираклио (Heraklion)Скопје
Aegean Airlines1 и 608:1514:15160€
Aegean Airlines1-7СолунИраклио (Heraklion)
директни летови06:35;
17:30
07:45;
18:40
85€
98€
Aegean Airlines1-7Ираклио (Heraklion)Солун
директни летови08:15;
19:15
09:30;
20:25
75€
96€
Ryanairдиректни летовиСолунХања (Chania)
80€
1-3-5-720:0521:25
75€
96€
Ryanairдиректни летовиХања (Chania)Солун
1-3-5-721:3022:50
35€

Цените на рент а кар се движат од 30-50 €/ден за возило со зафатнина од 1000-1300 м³.

Доколку слетате на Хања, имате 10 пати во текот на денот автобуски превоз помеѓу аеродромот и автобуската станица во градот Хања и обратно. Патувањето трае 30 минути, а цената на билетот е 2.50 €. Од автобуската станица до центарот можете да се упатите пешки, а доколку го продолжувате патувањето за Ираклио, од ова место на секој час до 21.30 ч. имате автобус.

Патувањето трае 2.45 ч, а цената на билетот во еден правец изнесува 15.10 €. Автобусот попатно застанува во Јоргопули, Каврос, Ретимно и Бали. Патувањето до Ретимно трае 1 час, а цената на билетот во еден правец изнесува 6.80 €.

Доколку се решите островот да го посетите со авион и не сакате да изнајмите автомобил, повеќе информации за јавниот превоз ќе најдете на сајтот на автобускиот оператор КТЕЛ.

Автобус

Директна линија од Скопје, односно од Северна Македонија нема за Крит. Врска која може да ја користите е редовната автобуска линија од Скопје за Солун, а во летниот период железничката линија. Од Солун за Хања имате секој ден автобус со поаѓање од КТЕЛ автобуската станица во 11:00 и пристигање наредниот ден во 05:30 ч. Во обратна насока автобусот поаѓа во 20:00 ч. и во Солун пристига во 14:00 ч. Цената на повратниот билет изнесува 75€.

Од автобуската станица во Солун до железничката станица (од каде тргнува и редовната автобуска линија за Скопје) можете да ја користите градската автобуска линија број 45.

Доколку во Солун пристигнете со редовната автобуска или железничка линија, а понатаму ќе користите авион, трансферот до аеродромот во Солун може да го направите со автобуската линија 01Х.

Сопствено возило

 

Патувањето од Скопје до пристаништето Пиреја трае околу 7 часа, односно имате да поминете 705 км. по автопатот Е-75. Патарините кои треба да ги вкалкулирате поред горивото изнесуваат 33€ во еден правец.

Од пристаништето Пиреја до Крит имате бродски линии за пристаништата Хања, Ираклио и Суда. Цената за двајца возрасни во економска класа и возило изесува околу 120€ во правец. Пребарување и букирање на бродски карти може да извршите на следниот сајт: web.ferryscanner.com/ferries.

Критскиот аквариум

Ако сте љубител на подводниот свет, тогаш не заобиколувајте го критскиот аквариум каде што можете да дознаете за необичниот морски свет во Средоземното Море. Аквариумот е отворен во 2005 година во Херсонисос (Hersonissos-Χερσόνησος).

Она што е невообичаено за аквариумот е дека постои пракса да се охрабруваат посетителите да остваруваат контакт со станарите на аквариумот. Повеќето од нив биле спасени од ранувања или биле лечени, а денес нивното постојано живеалиште претставува аквариумот.

Самарија – национален парк и една од најдолгите клисури во Европа

Она што е особено вредно за внимание, кога сте уморни од возење по серпентини и тесни патчиња, е пешачката тура низ клисурата Самарија. Оваа клисура е еден од најдолгите клисури во Европа. Долга е 13 километри. Се наоѓа на западната страна на островот во рамките на истоимениот национален парк. Клисурата е именувана по црквата посветена на Богородица, која се наоѓа во напуштено село среде клисурата.

Овие тури во просек траат околу 5 часа, малце се напорни, но нема да погрешите ако се одлучите за нив, бидејќи ќе го запознаете прекрасниот див предел на Крит кој ќе немате можност да го видите на брегот на морето по туристичките места.

Плажи

Матала (Matala-Μάταλα) е плажа долга околу 300 метри и е една од најпознатите не само на Крит туку и низ цела Грција. Има прекрасен златен песок, удобни лежалки (еден сет од 2 лежалки и 1 чадор изнесува од 6-8 €/ден) и е идеална за излежување и читање книга. Матала се наоѓа во истоимениот залив.

Кога ќе се упати кон исток, ќе наидете на најубавата плажа на источниот брег во близина на градот Ситија (Sitia-Σητεία)) – тоа е Вај (Vai-Βάι). Прекрасна песочна плажа долга неколку стотини метри во мирен залив на плантажа со банани. Има над 5000 палми, што е сосема нереално и имате чувство дека сте во некои од тропските предели. Одличен лад, мирно море, шушкање на палмите – сето тоа што го чини еден идеален летен одмор.

Јерапетра (Ierapetra-Ιεράπετρα) е значајно место на јужниот, потешко пристапниот брег на Крит и се карактеризира со прекрасни плажи. Плажите се протегаат помеѓу Јерапетра и целиот југоисточен брег – Ксерокамбос, Като Закрос, Кало Неро, Макријалос, Аналипси, повеќето од овие плажи се осамени и тивки и се идеални за туристите кои го бараат тоа.

Кога сте во Ретимно, посетете ја плажата Плаќа, која се наоѓа околу 30 километри од местото. Таа е една од најпосетените и најпопуларните плажи во овој крај. Таа ги има сите погодности на туристичка долга и песочна плажа.

Ако сте фан на нуркањето тогаш плажата Суда е право место за вас. Оваа плажа се наоѓа на 3 километри западно од Плаќа. Тоа е прекрасна песочно-чакалеста плажа со помалку гужва од главната плажа во Плаќа. Добро е опремена и е под влијание на јужните ветрови. Карпестите краеви на плажата се особено интересни за нуркањето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *