ЗОШТО АВИОНИТЕ СЕ ПРЕТЕЖНО БЕЛИ?

Авионите се бели, барем во најголем дел. Некако сме навикнати да ги гледаме како такви, со понекоја линија и истакнато лого во друга боја.

Некои авиокомпании се осмелуваат да офарбаат цел авион, па така можевме да видиме целосно црниот авион на Air New Zealand, а таа компанија еднаш го претвори огромниот „Боинг 777“ во реклама за Господарот на прстените, исто како што Southwest имаше гола девојка која лежи покрај трупот како реклама за Sport Illustrated.

Постојат и розови, жолти, сини или зелени авиони, но тие се исклучоци. Авионите се претежно бели од повеќе логични причини.

Белата боја го одржува авионот поладен

Главната причина зошто авионите се обоени бело е одразот на сончевата светлина и минимизирањето на затоплувањето и потенцијалното оштетување од сончевото зрачење.

Носот на авионот е направен од пластични и композитни материјали како што се јаглеродни влакна и стаклена волна, за разлика од металот или алуминиумот што е на другите делови на авионот, а овие материјали се особено чувствителни на оштетување од сонцето.

Носот не може да биде изработен од метал затоа што има радар што им овозможува на авионите да летаат ефикасно.

Поевтино е

Покрај тоа што белата боја се загрева помалку и со тоа се намалуваат трошоците за ладење во внатрешноста на кабината, употребата на дополнителни бои значи и дополнителна тежина, што во превод значи дека ќе се троши повеќе гориво.

Бојата додава помеѓу 273 и 544 килограми тежина, а 544 кг. се исто толку тешки колку и 8 патници повеќе. Самата боја не е исто така мал трошок, односно чини помеѓу 50.000 и 200.000 УСД.

Боењето трае помеѓу 2 и 3 недели, што значи дека авионот не работи во тој период, што исто така треба да биде вклучено во цената, или пропуштената можност за заработка.

На пример, EasyJet успеа да ги намали трошоците за работа за 2% само затоа што тие го обоија авионот со потенка аеродинамична боја. Кога вашата годишна потрошувачка на гориво е околу 1,2 милијарди американски долари, тогаш тие 2% не се занемарливи бидејќи изнесуваат 22,4 милиони американски долари.

Белата боја не бледи

Директно поврзана со заштедата е фактот дека белото не бледнее, додека другите бои нужно ќе згаснат под влијание на сончевата светлина, особено на големи височини каде зрачењето е огромно и го зголемува процесот на бледнеење.

Белите авиони изгледаат подолго понови  и временското растојание помеѓу двете боења ќе биде многу поголемо отколку со другите авиони.

Обоените авиони се потешки за продажба

Друга ставка поврзана со парите е дека белиот авион полесен е за продажба или изнајмување. Многу авиокомпании изнајмуваат авиони на долг рок и многу е полесно да се лепат логоа на авион отколку да се предадат на целосно „преуредување“.

Ја зголемува видливоста

Според студијата објавена во 2011 година од списанието „Human-Wildlife Interactions“, белите авиони им овозможуваат на птиците полесно да ги детектираат и да ги избегнуваат судирите. Сепак, експертите се согласуваат дека тоа не значи дека авионите со други бои го зголемуваат ризикот од летање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *