ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ, АМСТЕРДАМ ЌЕ ГИ ЗАБРАНИ СИТЕ ВОЗИЛА СО ДИЗЕЛ И БЕНЗИНСКИ МОТОРИ ОД 2030 ГОДИНА

Автомобилите и моторите што работат на бензин или дизел гориво ќе бидат забранети за возење во Амстердам од 2030 година.

Градскиот совет планира да ги воведе овие измени во неколку фази, како дел од обидот да се намали загадувањето на воздухот, за кои властите се обвинуваат за скратување на животниот век на граѓаните на Амстердам за една година.

„Загадувањето често е тивок убиец и е една од најголемите опасности за здравјето во Амстердам“, рече советникот за урбан сообраќај Шарон Дижсма, најавувајќи ја одлуката на градот.

Од следната година, на возилата со дизел гориво и постари од 15 години ќе им биде забрането да возат на обиколницата А10 околу главниот град на Холандија. Јавниот превоз, како и автобускиот превоз што работат на погонско гориво нема да можат да возат во центарот на Амстердам од 2022 година, а од 2025 година, забраната ќе се прошири и на речните пловни објекти, мопеди и лесни мопеди.

Целиот сообраќај во рамките на градот мора да биде ослободен од емисии на издувните гасови до 2030 година според Акциониот план за чист воздух.

Градот планира да ги поттикне своите жители да се префрлат на возила со електричен или водороден погон, нудејќи им станици за полнење на секој купувач на такво возило. За да стане одржлив проектот, градот планира од сегашните 3000 станици за полнење да го зголеми бројот од 16.000 до 23.000 станици.

Во поголем дел од Холандија, а поради густиот сообраќај во градовите Амстердам, Мастрихт и Ротердам, загадувањето на воздухот е полошо отколку што дозволуваат европските правила. Постои загриженост дека нивото на емисии на азот диоксид и емисии на честички предизвикуваат респираторни болести.

Но, Здружението Рај (Rai Association), лоби група на автомобилската индустрија, го осуди планот како бизарно и регресивно. Портпаролот изјави: “Повеќе од десетици илјади семејства кои немаат пари за електричен автомобил наскоро ќе бидат оставени без сопствено возило. Тоа го прави Амстердам град на богатите.  Очекуваме во 2030 година, околу една третина од автомобилите ќе бидат електрични. Но, исто така, ќе има многу луѓе кои до тогаш нема да можат да си го дозволат тоа.“

Во јануари 2018 година, холандскиот совет за здравство ја повика владата да изготви амбициозна стратегија за подобрување на квалитетот на воздухот во Холандија, предупредувајќи дека „прекривката на загадувањето“ ќе предизвика големи здравствени проблеми во земјата.

Извор: www.theguardian.com

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *