ЗАПОЧНА ПРВИОТ КОНТЕЈНЕРСКИ ЖЕЛЕЗНИЧКИ СЕРВИС ПОМЕЃУ КСИЈАН (КИНА) И БУДИМПЕШТА

Раил Карго Груп – РКГ (Rail Cargo Group – RCG) воспостави редовен контејнерски железнички сервис помеѓу Ксијан (Xi’an)- Кина  и Терминалот за комбиниран транспорт во Будимпешта- БИЛК, со првиот воз со транзитно време од 10 дена.

Контејнерскиот воз натоварен со стока за широка потрошувачка помина повеќе од 7.000 километри преку Казахстан и Украина. Реил Карго Груп е првиот железнички оператор кој започна со железнички сервис помеѓу Ксијан и Терминалот за комбиниран транспорт во Будимпешта- БИЛК.

Со транзитно време од 10 дена, РКГ постави нов стандард во евроазискиот контејнерски сообраќај.

Раил карго Груп оперира со повеќе редовни сервиси меѓу Азија и Европа. Во најголем дел, стоките од Кина се транспортираат до Унгарија преку пристаништето Пиреја (Грција), или преку пристаништата во Јадранското Море, а во некои случаи и преку континенталните коридори.

Покрај тоа, РКГ оперира со околу 1.600 возови годишно и со нив превезува околу 120.000 TEU. Ова ја олеснува животната средина од 60.000 возења на камиони  и стотици илјади тони стакленички гасови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *