ЗАКРЕПНУВАЊЕ НА НАЈГОЛЕМОТО ЕВРОПСКО ПРИСТАНИШТЕ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2021 ГОДИНА
Најголемото европско пристаниште Ротердам, забележа зголемување на обемот на претоварен товар во првиот квартал, со што се сигнализира закрепнување на неговото работење во време на сеуште актуелната пандемија, пренесува seebiz.eu.
Обемот на претоварен товар е зголемен во првиот квартал од 2021 година за 3% во споредба со споредливиот период од минатата година, на 115,8 милиони тони. Сепак, како што потсетуваат агенциите, во првите три месеци од 2020 година, пандемијата сè уште не започнала да предизвикува сериозни тешкотии.
Пристаништето во Ротердам направи нов чекор во процесот на опоравување од падот на превозот во цела 2020 година, што настана како резултат на КОВИД-19 кризата – се наведува во соопштението објавено во средата.
Минатата година обемот на претоварање во ова холандско пристаниште падна за 6,9%.
Најголемиот предизвик со кој се соочува Ротердам во моментов е нарушената логистичка операција по шестдневната блокада на Суецкиот канал, истакна извршниот директор Алард Кејлејн.
Суецкиот канал беше блокиран откако гигантскиот товарен брод „Евер Гивен“ заглави за време на лошите временски услови, спречувајќи минување на стотици бродови и беше запрена околу 12% од глобалната трговија.
Претовар на товарот во пристаништата ширум светот е клучен показател за состојбата во економијата.