ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ ОПЕРАТОРИ ЌЕ ЗАПОЧНАТ ДА ГИ ОБНОВУВААТ СВОИТЕ ПАТНИЧКИ УСЛУГИ
Европските влади започнуваат со олеснување на ограничувањата за да го забават ширењето на КОВИД 19, што им овозможува на железничките оператори да ги обноват патничките услуги за превоз.
Швајцарија
Швајцарските федерални железници (SBB) започнаа со продолжување на патничките услуги од 26 април, иако меѓународните услуги се сеуште ставени на чекање.
Ова вклучува рестартирање на следниве услуги:
- IC1 Цирих – Женева – рестартирање на аеродромски услуги помеѓу Фрибург и Женева
- IR70 Луцерн – Женева, обнова на получасовната превозна услуга
- IR75 Цирих – Вајфелден – Костанц, се воспостави патнички превоз помеѓу Цирих и Крузлинген
- IR17 Цирих – Олтен -Берн, обнова на получасовна кратка релација
- ZVV S19 Дитикон- Ефретикон – Дитикон, ставени се на услуга повеќе возови
- RE Анемасес – Женева – Лозана – Веви/ Сент Морис, обнова на получасовна услуга помеѓу Лозана – Веви/ Сент Морис
Регионалните оператори ги воведоа своите редовни возни редови започнувајќи од 27 април годинава.
Федералната канцеларија за јавно здравје ја истакнува препораката да се избегнува непотребно патување особено за одмор или туристичко патување.
Германија
Во Германија, услугите за патување на долги релации остануваат ограничени, но услугите кои се даваат на регионално ниво се враќаат во нормала.
Соработувајќи со Баден – Виртемберг – Баварија, DB Regio го зголеми бројот на регионални и S-Bahn услуги, со редовниот возен ред кој што е на сила во Западна Франконија, започнувјќи од 20 април.
Во Саксонија – Анхалт, Турингија, Рајнланд – Палатинат, Сарланд и Северен Баден, предвидено е сите услуги да се нормализираат до 4 мај. Од патниците сеуште се бара социјална дистанца од 2 метри и задолжително да носат заштитни маски. Скоро сите услуги во Берлин, Бранденбург, Мекленбург , Долна Саксонија и Бремен, исто така треба да се вратат во нормала до 4 мај.
Ограничувањата за меѓурегионални услуги меѓу Бранденбург, Мекленбург и Полска продолжуваат да важат до 10 мај.
Белгија
Компанијата за менаџирање на инфраструктура „Инфрабел“ и националниот оператор SNBC се подготвуваат целосно да продолжат со давање на своите услуги од 4 мај, откако Владата воведе чекор по чекор укинување на ограничувањата за движење.
SNBC ќе ја презентира целосната понуда за патување со воз, при што ќе ја промени и должината на возовите за да одговори на побарувачката на оваа услуга во ситуација кога е потребно социјално дистанцирање. Ова доведува на исклучување на многу услуги кои ги нудел досегашниот патнички превоз од и кон Брисел. Исто така на патниците им се советува да патуваат надвор од шпиц времето т.е. кога најголем број на патници вообичаено се возат.
Белгиската Влада даде наредба секое лице под 12 години задолжително да носи маска при патување, кога се во чекални, перони или се во самата станица. За да се спроведува оваа мерка, полицијата редовно патролира и ги проверува станиците ширум земјата.
Норвешка
Дирекцијата за железница е во директна комуникација со операторите за повторно и постепено воведување на патничкиот превоз започнувајќи од крајот на април, бидејќи училиштата и градинките се повторно отворени.
Надвор од Европа
Казахстан планира да започне да ги нуди автобуските и железничките услуги од 12 мај, вклучувајќи ги и меѓуградските услуги. Сепак сето тоа зависи од ситуацијата со коронавирусот во земјата.