ЕУРОВИНГС ЗАВРШУВА СО УСЛУГИТЕ НА РЕЛАЦИЈА ПРИШТИНА – КЕЛН

Нискобуџетната авиокомпанија  Еуровингс (Eurowings) нема да ги продолжи своите сезонски летови помеѓу Приштина и Келн оваа летна сезона.

Ова е последниот лет од досегашните десет откажани летови од страна на нискобуџетната компанија на Луфтханза кон градовите низ поранешна Југославија. Во јануари, авиокомпанијата ги прекина услугите од Виена до Приштина.

Еуровингс (Eurowings) оваа летна сезона ќе продолжи да ги одржува летовите од Приштина кон Дизелдорф, Франкфурт, Женева, Хамбург, Хановер, Минхен и Штутгарт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *