ЕВРОПСКИТЕ ТУРИСТИЧКИ ТЕЛА СЕ ЗАЛАГААТ ЗА КООРДИНИРАНИ ОГРАНИЧУВАЊА НА ПАТУВАЊЕТО

Сојузот на Европските организации за туризам, тело што воедно преставува 60 организации, ги повикува националните влади да се договорат за усогласени ограничувања кои се однесуваат на патувањето.

Минатата недела, Европската Комисија предложи координиран пристап кон ограничувањата на патувањата воспоставени поради КОВИД 19, се со цел да се помогне во закрепнувањето на економиите низ цела Европа.

Во изјавата, Сојузот укажува на стапка на зафатеност на хотелите од 26,5% во јули, додека врвните дестинации во Франција, Германија и Велика Британија објавија стапка од 40% од нивните интра-европски патувања, во споредба со бројките во истиот период за 2019 година.

Сојузот  бара одобрување на одредени мерки од страна на владите:

  • Воспоставување на заеднички критериуми и праг на ризик во однос на вирусот, но воспоставување и постојана шема на бои во однос на кодирањето;
  • Воспоставување на заеднички мерки за заминување и враќање во ризичните области;
  • Замена на карантинот со тестирање и следење на болните (кластери);
  • Избегнување на прекривачки ограничувањa се со цел да се избегнат примена на повеќе мерки истовремено;
  • Овозможување на апликациите за пронаоѓање контакти да бидат компатабилни на ниво на ЕУ.

Сојузот исто така ги повторува повиците за континуирана финансиска поддршка на туристичкиот сектор од страна на националните влади, така што во иднина оваа индустрија повторно би се обновила.

Најновото истражување на Светскиот совет за патување и туризам, покажува дека на секои 2,7% зголемување на протокот на патување резултира со еден милион работни места.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *