ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО УСВОИ ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПОВРЗАНА ЕВРОПА

Инструментот ќе понуди финансирање на транспортни, енергетски и дигитални проекти, вклучително и Rail Baltica, инфраструктура за полнење на алтернативни горива и воведување на 5G покриеност во вредност од 30 милијарди евра.

Условите на програмата ЦЕФ беа договорени меѓу парламентот и советот во март, со цел финансираните проекти да се завршат до 2030 година.

Европратениците определија 60% од финансирањето на ЦЕФ да одат во проекти што ќе помогнат да се постигнат климатските цели на Европската унија. Други 15% од средствата ќе бидат наменети за прекугранични проекти за обновлива енергија.

ЦЕФ е структуриран во 3 столба, односно 23 милијарди евра за транспорт, 5 милијарди евра за енергетски проекти и 2 милијарди евра за дигитализација. Одделени се околу 10 милијарди евра за прекугранични транспортни проекти, кои ќе дојдат од Кохезиониот фонд и ќе помогнат во комплетирање на претходно идентификуваните транспортни врски што недостасуваат. 1,4 милијарди евра се наменети за брзо завршување на големите „заглавени“ прекугранични железнички проекти, кои ќе бидат избрани од Европската комисија врз основа на нивната конкурентност.

Во дигиталниот сектор, ЦЕФ ќе го поддржи развојот на проекти, вклучувајќи мрежи со многу висок капацитет, безбедни дигитални мрежи и 5G системи, како и дигитализација на транспортните и енергетските мрежи.

Европскиот парламент ги одобри и новите правила за Трансевропската мрежа (ТЕН-Т), договорени со Советот, кои ќе ги поедностават процедурите за овластување за проектите на ТЕН-Т за да обезбедат нивно завршување.

Модернизираниот ЦЕФ ќе стапи на сила по објавувањето на новите правила во Службениот весник на ЕУ. Тие ќе се применуваат ретроспективно од 1 јануари 2021 година и земјите-членки ќе имаат рок од 2 години да се подготват за примена на правилата за рационализација на TEN-T.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *