СИМЕНС ЌЕ ДОСТАВИ ДЕСЕТ СМАРТРОН ЛОКОМОТИВИ ВО БУГАРИЈА
Siemens Mobility ја обезбеди порачката за десет Смартрон локомотиви и ќе ги испорача на Бугарските Државни Железници – БДЖ.
Смартрон локомотивата е стандардна конфугурирана верзија на локомотива која е дизајнирана врз основа на моделот на локомотиви Сименс Вектрон.
Извршниот директор на Сименс, Сабрина Саусан изјави :„Локомотивата Смартрон им нуди на нашите клиенти моќен и сигурен производ, стандардизиран за да обезбеди едноставен процес на набавка и брза испорака. Со оваа нарачка БДЖ инвестира во флота на локомотиви кои обезбедуваат ефикасна услуга со високо оперативна сигурност“.
Се очекува локомотивите да бидат доставени од февруари до мај следната година и да бидат наменети за патничкиот сообраќај.
Локомотивата Смартрон тежи околу 83 тони. Бугарската верзија ќе работи на напон од 25 киловолти. Локомотивите кои ќе бидат доставени до Бугарија и Романија ќе работат на 25 киловолти. Тие исто така ќе бидат опремени со сигурносен ауто стоп систем (PZB). Тие ќе бидат произведени во капри сина боја и ќе бидат дизајнирани и брендирани според логото на Бугарските Државни Железници.
Од лансирањето на првата Смартрон локомотива во 2018 година, 13 клиенти порачаа вакви локомотиви од Siemens Mobility. Оваа порачка е трета по ред, првите две се од страна на PIMK и Bulmarket.
Минатиот септември, Siemens Mobility ги обезбеди своите нарачки за Бугарија и Романија.
Во 2019 година, германската инвестициска фирма Парибус Холдинг потпиша рамковен договор за 25 Смартрон локомотиви. Првата порачка опфаќа четири локомотиви од кои три ќе бидат изнајмени на TX Logistik.