ДЕСЕТ ПОПУЛАРНИ ВОЗОВИ ВО СВЕТОТ

Транс-сибирски екпрес

Сообраќа на релација Москва – Владивосток, овој воз го прави најдолгото патување во светот кое изнесува 9295 километри оддалеченост. Транс – сибирскиот воз поминува низ 91 станица во време од 9 дена.

Во текот на Студената Војна, луѓето кои потекнувале од западот и доаѓале да патуваат со овој воз, биле сместувани во посебни оддели на возот, каде постојано биле изложени на сталинистичка пропаганда која била пуштана преку звучници.

Синиот воз

Почнувајки од 1938 година, Синиот воз сообраќа на релација Кејп Таун – Преторија, Јужна Африка.

Името го добива по бојата на неговите локомотива, вагоните и кожните седишта. Синиот воз сеуште се смета за еден од најлуксузните возови кои скоро цел век возат. Инаку неговата надоградба се случила во 1997 година, кога секој од апартманите бил надополнет со телевизор и телефон.

Индискиот Пацифик

Името го носи според двата океана кој возот ги поврзува помеѓу Пет – Аделаида – Сиднеј, во возење кое трае три дена и се поминува оддалеченост од 4352 километри. Интересно е што оваа рута има најдолга делница на прав пат која изнесува 477 км.

Нема подобар начин да се доживеат спектакуларните предели на Австралија отколку според железничката романтика.

Super chief -Главниот шеф

Овој воз започнува со сообраќање во далечната 1936 година, на релација Чикаго – Лос Анѓелес, САД. Најпрвин возот е воден од страна на желизницата во Санта Фе. Т.н. „Главен шеф“ долго време се сметал за еден од најдобрите возови на долги растојанија и бил познат по својата гурманска храна и клиентела од Холивуд.

Во моментов со возот управува Амтрак и возот се движи по истата делница како и секогаш.

TGV ( train a grande Vitesse)

TGV L’Océane со 55 седишта е дизајниран како брз воз со цел да им обезбеди на патниците пријатно патување.

Ергономските седишта се оптимално прилагодени на реалната просечна големина на патниците; тие имаат широки потпирачи за рака и имаат доволно простор за комодитет. Во првата класа, седиштата се дури и ротирачки.

Секое седиште е опремено со USB порт, преклопен маса, светло за читање и масичка за мобилни уреди. Вагонот – бар нуди разновидност на седишта и место за стоење за промена на амбиентот.

Релацијата на кои се движат овие возови е меѓу Париз и неколку други градови. Овој воз сообраќа со најголема комерцијална брзина од 300 км/ч, инаку ваков модифициран воз има постигнато рекорд во 1990 година, кој изнесува 515 км/ч.

Ориент Експрес

Ориент Експрес својата релација Париз – Истамбул, за првпат ја започнува 1883 година, притоа поминувајќи дури шест различни држави. Овој воз е познат по своите француски јадења, по својата клиентела која најчесто била составена од дипломати, членови на кралски семејства и вработени во владите.

Еден од најпопуларните детективски романи на универзална литература, „Убиството во Ориент експрес“ (1934) од Агата Кристи, е развиен во вагоните на најлуксузниот воз во Европа.

20th Century Limited

Овој воз за првпат почнува да сообраќа на релација Њујорк – Чикаго во 1902 година, како луксузен воз, кој ги третира патниците како на „црвен тепих“. Тој ја поминувал „водената“ мазна патека покрај реката Хадсон и езерото Ири. Инаку во моментов Амтрак оперира со возот.

Летечкиот Шкотланѓанец

Летечкиот Шкотланѓанец е луксузен воз кој сообраќа на релација меѓу станицата  Кинг Крос, Лондон – Единбург, Шкотска. Овој воз поседува фризерски салон, ресторан, бар во стилот на Луј XVI и за во иднина е планиран посебен кино-вагон.

Централната железница во Перу

Централната железница во Перу е инжинерско чудо, таа е највисоката пруга која се искачува дури 3962 метри на своето патување на релација Ла Роја – Лима, Перу.

За да се балансира стрмното искачување по оваа железница, таа има 66 тунели и  59 моста и многу  премини. Истотака во возот постојано има доктор, кој им помага на патниците на кои им се влошува здравјето поради наглото менување на надморската висина.

Возот куршум – Bullet Train

Јапонскиот Шинкасен или „Bullet Train“ се движи на посебна пруга со минимални кривини со што ја зголемува својата просечна брзина за 160 км/ч.

Со ревидираната верзија, од 1997 година, овој воз станува најбрзиот воз во светот кој развива комерцијална брзина од 320 км/ч. Неговата тбрзина при тестирањата изнесувала 443 км/ч.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *