ДБ СО НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА СОЗДАВАЊЕ СИЛЕН ЖЕЛЕЗНИЧКИ СИСТЕМ

Управниот одбор на Германски железници – ДБ ја претстави новата стратегија „силна железница“ за двојно зголемување на бројот на патници – на над 260 милиони годишно што значително ќе придонесе во заштитата на човековата околина и климата во Германија.

Десет клучни точки од стратегијата се однесуваат на главните цели за транспортот и климатските политики на германската влада и обезбедува поголема рамка со што јасно ќе се утврди за што се залага ДБ групацијата и која насока ќе ја преземе во иднина. Претставениот план ќе ја замени стратегијата ДБ 2020 која беше поставена од почетокот на деценијата.

Со поддршка на дигиталната технологија, ДБ постојано ќе се стреми кон раст во патничкиот и товарниот транспорт во наредните години. За зголемување на обемот на сообраќај во железничкиот товарен транспорт за 70%, ДБ планира да купи повеќе од 300 нови локомотиви.

Компанијата ќе инвестира десетици милијарди евра во нови возови и ќе ги зголеми оперативните перформанси на мрежата за 30%. Покрај тоа, повеќе од 100.000 нови вработени ќе бидат ангажирани само во следните неколку години. Германски железници исто така напредуваше кон својата цел да користи 100% обновлива енергија и тоа ќе го достигне веќе во 2038 година, далеку пред својата првична цел до 2050 година.

„Германија ќе ги исполни своите климатски цели ако успееме во текот на следната деценија во голема мера да го преусмериме транспортот на железница. На Германија и се потребни силни железници: за климата, за луѓето, за економијата, исто така и за Европа. ДБ е свесна на одговорноста што ја носиме во општеството и ги фокусираме сите наши напори за изградба на силен железнички систем“, изјави Директорот на ДБ, Др. Рихард Луц.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *