ДБ ВЛЕГУВА ВО НОВА ЕРА НА ТОВАРНИОТ ТРАНСПОРТ

Почетен сигнал за нова ера во товарниот транспорт: За прв пат Германски железници – ДБ претстави комплетно нов механизам за спојување на своите товарни вагони. Дигиталната автоматска спојка (ДАК) го забрзува составувањето на товарните возови.

Ова иновација ќе го зголеми капацитетот и квалитетот на товарниот сообраќај и со тоа ќе придонесе за успех на железничкиот превоз. Новата спојка, исто така, ослободува дел од железничкиот извршен персонал од физичка работа, бидејќи формирањето на возовите сега главно се врши рачно со спојување на квачила и  воздушни црева.

„ДАК ја отвора вратата за сеопфатна автоматизација и дигитализација на железничкиот товарен транспорт. Капацитетот на станиците за ранжирање и претовар може значително да се зголеми. Воведувањето на ДАК значи дигитална револуција за железничкиот товарен транспорт“, изјави Сабина Јешке, член на УО за дигитализација и технологија во ДБ.

Сигрид Никута, член на Управниот одбор на ДБ за товарен транспорт: „Ние сакаме да растеме и да префрлиме повеќе стоки на шините. За да го направиме тоа, потребни ни се атрактивни понуди за нашите клиенти. Технички иновации како што е дигиталната автоматска спојка тука ни помагаат. Тоа го прави железничкиот товарен транспорт побрз и полесен. Ова особено го зајакнува вагонскиот превоз како зелена алтернатива на камионите. Превозот на стоки преку железница е најлесниот начин да се заштити климата“.

Во ДБ Систем-техник во Минден,  за прв пат, неколку вагони се поврзани меѓусебно со ДАК системот поради тестирање. Во следните неколку месеци, дванаесет товарни вагони ќе бидат опремени со типови на спојки од четири производители. Тип е избран по техничките тестови. Пробниот воз со 24 вагони вози наколку месеци низ Германија, Австрија и Швајцарија, како и другите земји на ЕУ. Исто така, ДАК се тестира во секојдневна употреба и во ранжирните станици.

Истражувачкиот проект, кој ќе трае до крајот на 2022 година е финансиран од Федералното Министерство за транспорт и дигитална инфраструктура (БМВИ) со 13 милиони евра. Вклучен е конзорциум од шест компании. Покрај ДБ и неговата подружница ДБ Карго, вклучени се и швајцарските и австриските товарни железници SBB Cargo и Rail Cargo Austria, како и сопствениците на вагони Ermewa, GATX Rail Europe и VTG. Целта е европско воведување на дигиталната автоматска спојка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *