ДАЛИ VOLVO IRON KNIGHT Е СЕУШТЕ НАЈБРЗИОТ КАМИОН НА СВЕТОТ?

Volvo Iron Knight е прогласен за најбрз камион на светот дури двапати. Тој го собори британскиот рекорд во категориите за стартување на 500 и 1 000 метри. Но сето ова се случи во 2016 година. Дали Volvo Iron Knight е сеуште најбрзиот камион на светот?

Овој кршач на рекорди има поинаков дизајниран изглед во секој поглед освен моторот и менувачот I-Shift Dual Clutch, со двојна спојка. Има 2 400 коњски сили, 6 000 Nm вртежен момент и тежи 4,5 тони. Воедно има соодветен однос на моќ и тежина, со стапка над 0,5 hp/kg. Со просечна брзина од 169 km/h (105 mph) и врем е од 21,29 секунди.

Volvo Iron Knight го собори меѓународниот рекорд за брзина на 1 000 метри, но и соодветниот рекор на 500 метри 131.29 km/h (81.57 mph) за 13,71 секунда.

Соборувањето на рекордот се случи на патека во Шведска, а резулатите ги прегледа Меѓународната асоцијација на мотоспортови (FIA). За време на поставување на рекорди Volvo Iron Knight постигна брзина од 276 km/h (171 mph).

Сепак ROUSH Performance во 2019 објави дека нејзиниот камион ROUSH NITEMARE F-150 4×4 e најбрзиот камион произведен досега, врз основа на споредување на податоците за тестирање на возилото за производство од 0 до 60 километри на час, објавени од водечките автомобилски списанија заклучно со јуни 2019 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *