ГЛОБА ОД 70 ЕВРА ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА РАСТОЈАНИЕ СО ВЕЛОСИПЕД
Со новиот германски закон, сите возачи на моторни возила, кога ќе заобиколуваат велосипедисти во градот треба да го направат така што ќе остават метар и половина простор помеѓу возилото и велосипедот. На отворен пат, бочното растојание треба да е поголемо уште за половина метар, вкупно да изнесува два метра.
Голем фокус е ставен на велосипедите и нивната заштита. Поради тоа возачите на камиони ќе мораат да ја намалуваат брзината на своето возило кога свртуваат на десно на 11 км/ч. Глобата за непочитување на ова правило изнесува 70 евра.
Порад овие правила, во Германија се размислува и за правила со кои ќе се овозможи на возилата со три и повеќе патници да сообраќаат по сообраќајна лента ( жолта линија) за јавен превоз.