ГЕРМАНСКИ КОНЗОРЦИУМ ЌЕ СОЗДАВА ДАЛЕЧИНСКА СТАНИЦА ЗА РАЗМЕНА НА БАТЕРИИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ТОВАРНИ КАМИОНИ

Според порталот electrive.com, целта на eHaul е да види дали товарните камиони кај кои ќе може да се заменуваат батерии нудат одржлива алтернатива на стандардните камиони за испораки над 300 километри.

Како средство за утврдување на овој проект, конзорциумот сака да го тестира нивниот концепт за автоматска станица за размена на батерии. Станицата треба да се наоѓа на југот на Берлин и да опслужува два специјално нарачани електрични камиони што ги користат редовно две фирми за логистика повеќе од една година.

eHaul дури се повикува на можноста роботи да се користат за автоматско менување на батериите за само неколку минути.

Проф. Д-р Стефани Маркер, раководителка на Одделот за набљудување на однесувањето на возачот за енергетска оптимизација и спречување несреќи на ТУ Берлин, вели дека превозниците „не можат да си дозволат да губат часови чекајќи да се наполни батеријата“, па оттаму и потребата од батериска заменска станица.

Јенс-Олав Јерач, кој работи како водач на тим кај професорката Маркер, вели дека дури ќе биде потребнаи и електрична централа ако батериите на камионот треба брзо да се наполнат:

Ние ја испитуваме опцијата за размена на батерии бидејќи не е можно да се прават поголеми батерии без негативно влијание врз другите фактори на потрошувачка. Другите опции вклучуваат брзо полнење, кое веќе се користи за патничките автомобили. За камионите, ова би барало многу висок капацитет за полнење – всушност ќе треба да изградите електрична централа до станицата за полнење – особено затоа што за редовно работење се бара истовремено полнење на неколку камиони.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *