ГЕРМАНСКИОТ ЛУФТВАФЕ ИСПРАТИ ЕРБАС А310 ВО ИТАЛИЈА ЗА ДА ПОМОГНЕ ВО БОРБАТА СО КОВИД19

Во текот на последните неколку недели, бројни авиокомпании ги нудат своите комерцијални авиони за борба против пандемијата КОВИД 19. Помошта се движи од медицинските волонтери на „ Delta Air Lines “ до медицинскиот превозник Hi Fly, како и останатите авиокомпании кои даваат помош во снабдувањето.

Сепак, напорите не се ограничени само на авиокомпаниите. Дури и Ербас го испрати својот A330 MRTT (Multi Role Tanker Transport). Затоа, не беше комплетно изненадување завчера кога видовме дека се појавуваат фотографии на германскиот Луфтвафе како лета за Италија за да помогнат во напорите … но на малку поинаков начин.

„Во време на најголема потреба, не може да кажеме дека ние стоиме покрај нашите пријатели… Затоа тешко болните пациенти ги транспортираме од Италија во Германија на лекување со нашата воздухопловна единица за медицинска интензивна нега. Тоа е важен знак на солидарност. Европа мора да се држи заедно“, изјави Анегрет Крамп-Каренбауер, германскиот министер за одбрана.

Придонесот на Луфтвафе

Германските воздухопловни сили вчера полетаа „Ербас А310“ кон италијанскиот град Бергамо. Од Бергамо се транспортирани шестмина италијански пациенти приклучени на интензивна нега. Фотографии од транспортот можете да ги видите подолу:

Авионот на враќање слетал во Келн, Германија. Шестмината пациенти од Италија ќе бидат лекувани во различни болници во регионот. Вклучениот авион A310 е исто така класифициран како MRTT. Во овој случај, конфигуриран е за медицинска евакуација – МедЕвак.

Според „Метро њуз“, неколку германски државни влади се нудат да превземат пациенти од Италија и другите земји. Неодамна, пациенти од источна Франција беа префрлени со хеликоптер во Германија.

Ербас А310 МРТ МедЕвак

Авионот A310 на Луфтвафе од надвор изгледа исто како било кој друг Ербас А310. Сепак, според DW, тоа е „врв“ на медицинскиот оддел на воздушните сили на НАТО. МедЕвак е опремен со „врвна медицинска опрема“.

Авионот вклучува шест станици за интензивна нега, секоја целосно опремена со „најнова медицинска технологија од компјутери и дијагностички системи до респираторни машини и автоматски инјекции“.

Оваа опрема на авионот им овозможува на високо обучените лекари и медицински персонал да направат скоро сé што може да се направи во болница освен да оперираат. Покрај шестте станици за целосна нега, во авионот можат да се сместат уште 38 пациенти на редовни болнички легла.

Дојче Веле додава дека системот за конфигурација на МРТ е заснован на релативно едноставен систем за прераспоредување со кликнување вграден во обичен Ербас.

Од фотографиите, ова можеме да го видиме на патеката каде има жлебови на кои креветите можат да се фиксираат. Овој модуларен систем овозможува Воздухопловните сили да бидат мултифункционални, односно да може да превезат 214 патници, 30 тони товар или 42 критично повредени.

Заклучок

Повеќе од кога и да е, светот е обединет против еден, невидлив непријател. За да се спасат што е можно повеќе животи, потребна е меѓународна соработка и споделување на ресурсите, како што е во оваа ситуација.

За време на објавувањето на статијата, Германија и Италија се во првите пет земји кои страдаат од пандемијата. Германија има регистрирано скоро 60.000 случаи на заразени со скоро 500 смртни случаи. Италија е близу со 100.000 регистрирани инфецитани и над 10 000 смртни случаи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *