ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГИ ПРОШИРИ ИСКЛУЧОЦИТЕ ЗА ТОВАРНИ ВОЗИЛА НА АЛТЕРНАТИВЕН ПОГОН

Бундесратот го одобри законодавството за проширување на ослободувањето од патарините за тешки товарни возила што сообраќаат на природен гас.

Првично, камионите на погон со еколошки плински горива  требаше да возат бесплатно на германските автопати и федералните патишта само до крајот на оваа година.

ЛНГ и ЦНГ камионите ќе бидат ослободени од германските патарини не до крајот на 2020 година, туку подолго – до крајот на 2023 година.

Предлог-правилникот беше одобрено од Бундесратот минатиот петок. Пред  да стапат во сила правилата, претседателот треба првин да ги потпише.

За потсетување, од почетокот на 2019 година, камиони на ЦНГ, на течен природен гас (ЛНГ) и електрични камиони се ослободени од патарините во Германија, кои беа проширени на сите федерални патишта во земјата кон средината на 2018 година.

Во зависност од тежината, заштедата што следува е помеѓу 9,3 и 18,7 центи за километар во споредба со возило со иста големина со најновиот дизел мотор Еуро 6.

Нацрт законот беше многу контроверзен во Германија. Експертите за животна средина протестираа против новото законодавство затоа што веруваат дека ЦНГ и ЛНГ не се еколошки алтернативи за дизелот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *