ГЕРМАНИЈА ЈА ОБЈАВИ НОВАТА МРЕЖА TRANS EUROPE EXPRESS – TEE 2.0

Новата мрежа TEE 2.0 ќе биде наследник на оригиналната мрежа TEE основана од страна на германските (ДБ), швајцарските (СББ), холандските (НС), луксембуршките (ЦФЛ и италијанските (ФС) железници во 1954 година.

Услугите од TEE функционирале од 1957 година користејќи наменски возови кои нуделе луксузен транспорт од прва класа на континентално патување. Мрежата престанала да работи во 1980 година и делумно била замената со возови од понизок ранг и возови со поголема брзина.

Неколку европски оператори ја формираа кооперативната група Railteam во 2007 година во насока на промовирање на заеднички железнички услуги  и нудење на подобрена услуга кон клиентите.

Во пракса ова резултираше со реално многу малку направени промени, со тоа што нема интегрирани билети за многу правци, постоење на мала соработка со што би ја направило железницата сериозен конкурент во нудење на услуги во областа на превозот, односно директната конкуренција на нискобуџетните авиокомпании или автобуси кои патуваат на далечни релации.

Во некои случаи, националните оператори создадоа компании за управување со меѓународни брзи услуги како што се Eurostar и Thalys или заедничката компанија Franco German Alleо.

Предлозите на германската влада, кои што беа развиени минатата година сугерираат нов мултинационален но самостоен оператор кој би требало да работи со новата мрежа, купувајќи услуги од нејзините сопственици предвидени како национални железнички оператори во земјите учеснички.

Новата мрежа ќе обедини некои од веќе постоечките услуги, потоа ќе воведе нови релации но и нови дополнителни услуги.

Шеуер претходно изјави дека распоредот на редовни интервали на  Deutschland Takt, кој се планира за домашните услиги до 2030 година е модел за пошироката европска мрежа.

Дневните услуги со TEE 2.0 би се управувале користејќи ги најновите брзи возови, додека создавањето на нова подолгорочна мрежа преку ноќ побарува набавка на нов возен парк за ноќните возови.

Предлозите сугерираат дека мрежите може да се воспостават за многу краток рок, во голема мерка надоврзувајќи се на постоечките услуги, плус подолгорочен план овозможен од инфраструктурата што е во фаза на изградба, како што е основниот тунел преку Бренер (Австрија – Италија), Фемарн линк (Данска – Германија) и новата брза линија Штутгарт – Улм во Германија.

Предложени релации на TEE 2.0

На краток рок ги вклучуваат следните релации:

  • Амстердам – Париз – Барселона
  • Брисел – Берлин – Варшава
  • Амстердам- Франкфурт – Цирих – Рим
  • Барселона – Франкфурт – Берлин

Предложените брзи дневни TEE 2.0 по релации ги вклучуваат следните:

  • Стокхолм – Хамбург – Париз
  • Стокхолм – Берлин – Минхен
  • Рим – Верона – Минхен – Берлин
  • Париз – Минхен – Будимпешта

Ноќни возови

Ноќните мрежни возови предложени на краток рок се неверојатно слични со поранешната мрежа на ноќното поврзување на некои градови на Германските железници (DB) кои што ги  затвори во 2016 година.

Повеќето на маршутите од краткорочната мрежа во моментов ги управуваат Австриските федерални железници  (ÖBB) како дел од нејзината мрежа Nightjet, иако предложената услуга Франкфурт – Лион – Барселона ќе понуди директни железнички услуги кои не биле возможни децении наназад.

Ноќните рути кои се предлагаат на подолг рок вклучуваат две рути од Стокхолм, едната е кон Амстердам и Париз, а втората е кон Прага, Виена и завршува во Будимпешта.

Воведувањето на ноќната релација Стокхолм – Копенхаген – Брисел веќе е предложена од страна на шведската влада додека Шведските железници во Трансдев, Снолтагет најавуваат палнови за ноќна релација помеѓу Стокхолм – Копенхаген – Берлин од 2021 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *