ВО ХАМБУРГ СЕ ЗГОЛЕМУВА ПРЕВОЗОТ НА ХИНТЕРЛАНД КОНТЕЈНЕРИТЕ
Транспортот на контејнери со баржа од и до приштаништето во Хамбург се зголемува, како што се наведува во соопштението на самото пристаниште.
Ако се спореди резултатот во однос на национално ниво каде што се забележува пад на превозот на контејнери по речен пат од 4,1%, на пристаниште во Хамбург речниот сообраќај покажува пораст од 13%, споредбено со истиот период во 2019 година кога се превезени 145 078 ТEU.
Овој контејнерски превоз до пристаништето замени вкупно 120 000 камионски превози и претставува одличен пример за успешна промена на превозното средство до градот на Ханзата.

Улога во позитивниот развој на речниот контејнерскиот превоз имаше добро развиеното ракувањето со товарот внатре во самото пристаниште, подобрена интеграција на внатрешната навигација во хинтерланд (континентален) превозот, како и во самите процеси кои се одвиваат во рамки на пристаништето.
Центарот за бродска координација во Хамбург (HVCC), ги контролира процесите во рамки на пристаништето, како ротациите на баржите се со цел подобро да ги координира терминалните процедури во рамки на пристаништето во Хамбург.

Воспоставувањето на речен превоз со баржи отвара дополнителни можности за координирано делување на сите чинители во пристаништето.
Исто така високото ниво на вода во реката Горна Елба, само им ги потвдрува претпоставките дека по речен пат ќе може да се превезува голем и тежoк товар.
„Затоа е време реконструкцискиот проект на реката Горна Елба (Unterhaltungskonzept Elbe), кој беше одобрен од страна на Бундестагот, конечно да биде имплементиран од страна на Федералното Министерство за транспорт“ – изјави Еглоф.

Еглоф гледа веќе прогрес во работата со замената на бродските преводници на реката Елба, па понатаму изјавува : „Но, потребни се и двата начина, латералниот (паралелен) канал од реката Елба, но и спроведување на утврдените мерки за одржување на нејзиниот водостој.“