ВО ФИНСКА ЗАПОЧНАТИ СЕ ТЕСТИРАЊА НА АВТОНОМЕН ТОВАРЕН ВОЗ
Предводен од финската технолошка компанија Проксион, автономниот товарен воз ќе биде електричен. Проектот има за цел да го модернизира транспортот на кратки растојанија во индустриските области. Покрај Проксион, во проектот се вклучени и други компании како VTT, Teräspyörä Oy и Electric Power Finland Oy.
Товарниот воз ќе биде опремен со автоматски системи за контрола на возот преку европскиот систем ETCS во GoA4. Проектот е во процес на тестирање. Тест операциите ќе започнат до крајот на 2021 година, а автономниот воз се планира да биде пуштен во употреба до 2023 година.
Првите чекори на проектот ќе се случат во Финска, каде што компаниите -партнери ќе се обидат да ги подобрат условите за работа во индустријата за обработка на метали и дрво. Компаниите вклучени во пилот-проектот се челичната компанија „Оутокумпу“ во Торнио и шумарската компанија „Стора Енсо“ во Иматра.Целите вклучуваат пониски транспортни емисии и ефективни решенија за локалните индустрии кои главно се потпираат на патниот транспорт.