ВО РОТЕРДАМСКОТО ПРИСТАНИШТЕ СЕ ИНСТАЛИРАНИ ПРВИТЕ 3Д-ПЕЧАТЕНИ СИДРИШТА

Првата серија 3Д печатени столбови за усидрување на бродови беше поставена минатата недела во пристаништето во Ротердам, а тоа е, како што велат од пристаништето, „светска премиера“.

Серија од 6 челични, 3Д печатени столбови за усидрување се инсталирани на новиот кеј Слипботхавен во Ротердам. Тоа е првиот дел од вкупно 12 вакви столба, развиени заеднички од страна на Пристанишната капетанијата и RAMLAB (Rotterdam Additive Manufacturing LAB), специјализирана лабораторија за 3Д печатење во пристанишниот сектор.

3Д-печатењето на столбовите е дел од програмата за иновации во инфраструктурата, која е започната од пристанишната управа во Ротердам за подобрување и зголемување на одржливоста во производството на пристанишна опрема, преку научно истражување, иновации и дигитализација.

Традиционално, столбовите (сидриштата) во пристаништето во Ротердам се изработени од леан челик, според проектниот дизајн. Со примена на технологијата за 3Д печатење, тие можат да се направат не само побрзо, туку и поблиску до местото каде што ќе бидат поставени, што помага во одржливоста во производството.

Резултатот од екстерното тестирање покажува дека новите столбови се барем со ист квалитет како и оние направени од леан челик. Планот е да се редизајнира оригиналната форма во последната фаза, со цел да се осигура дека везовите ќе бидат поиздржливи и подолготрајни во иднина.

3Д печатењето ни овозможува да произведуваме делови локално и по желба. На пример, во 2017 година, RAMLAB го произведе првиот 3Д печатен и сертифициран поморски пропелер. Оваа година ги печатиме првите столбови, што е корисен тест што покажува дека релативно брзо може да се произведат мали серии во споредба со лиење и увоз на делови од Кина – вели директорот на RAMLAB, Винсент Вегенер.

Извор: portofrotterdam.com

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.