ВО ЕКСПЛОАТАЦИЈА НОВИТЕ БРЗИ ЕЛЕКТРО-МОТОРНИ ВОЗОВИ НА КИНЕСКАТА КОМПАНИЈА ЦРРЦ

На 21 октомври, брзите ЕМУ што можат да ја преминат границата излегоа од производствената линија од кинеската компанија ЦРРЦ. Меѓународната и прекугранична врска на Кина со Монголија и Русија, како и со Виетнам сега станува реалност!

Возот е дизајниран да се движи до 400 км на час и може да сообраќа меѓу железници со различни колосечни ширини, стандарди за електро напојување и климатски услови.

Заштедува енергија воедно е еколошки и неговите паметни карактеристики овозможуваат автоматско проверување и одржување на безбедноста.

Овие возови, исто така, исполнуваат различни стандарди за железнички транспорт и барањата на различните системи за напојување на влечата, овозможувајќи им да постигнат меѓусебна поврзаност на железничката мрежа што опфаќа околу 90% од светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *