ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОВИД 19, АУДИ И ФОЛКСВАГЕН НАПРАВИЈА ГОЛЕМИ ГЕСТОВИ

Многу луѓе и компании прават интересни гестови за борба против пандемијата на коронавирусот, а во целото неформално движење се вклучија Ауди – засега само во Турција и Фолксваген.

Ауди во Турција, нагласувајќи ја потребата за социјална дистанца на локалниот пазар започна мини-кампања во која ги раздели своите четири круга.

На оваква или слична игра со својот симбол, германскиот производител на автомобили не се одлучил никогаш до сега, а логото е од 1932 година. Еден круг го претставува Ауди, а останатите три DKW, Horch и Wanderer.

Со раздвоените кругови од логото оди и пораката: „Да не ги напуштаме домовите, да одржуваме растојание, да останеме здрави, да се подржуваме еден со друг“. Овака изгледа објавата на Инстаграм:

Фолксваген во кампањата

Заедно со Ауди, а во знак на борбата против КОВИД 19 истото го стори и Фолксваген. Ги раздалечи буквите V и W во својот логотип заедно со пораката:

Во Фолксваген традиционално се држиме заедно во сите кризи и се подржуваме. Уверени сме дека заедно ќе ги пронајдеме новите начини и решенија што ќе ни овозможат да ја пребродиме оваа криза. ПОсебно е важно со доза на висока дисциплина ги следиме правилата на однесување и хигиена. Бидете сигурни, одржувајте социјална дистанца!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *