ВОЛВО ПОВТОРНО ГО СОБОРИ РЕКОРДОТ ВО ПРОДАЖБА

Шведската компанија во 2019 година забележа продажба на 705.452 возила, што во однос на 2018 година претставува зголемување од 9,8 проценти, што е многу повеќе над целокупниот раст на пазарот во сите региони.

Новиот рекорд на продажба е поттикнат од постојаната голема побарувачка за наградуваната линија на возилата Volvo Cars. Пособено истакнати во продажбата се нивните три СУВ модели кои го зголемија уделот на пазарите во Кина, САД и Европа и покрај вкупната стагнација на продажбата на автомобили.

Компанијата, исто така, бележи голема побарувачка за електрифицирани возила, како во поглед на продажбата, така и во нарачките. Севкупно, Volvo Cars во 2019 година продаде 45.933 плаг-ин хибридни модели, што претставува зголемување од 22,9 проценти во однос на 2018 година и повеќе од двојно во споредба со 2017 година.

Целта е да се продолжи со позитивниот тренд и оваа година, во која тие започнуваат да ја воведуваат линијата Volvo Recharge.

Recharge ќе биде генеричко име за сите Volvo автомобили со целосен електричен или плаг-ин хибриден погон.

Продажбата во Европа е особено голема во Германија, каде за прв пат во својата историја се продадени над 50.000 возила, додека во Велика Британија го постигна најдобриот резултат на продажба после 1990 година.

Во регионот, во 2019 година, Volvo Cars испорачаа 1.536 возила и остварија зголемување од 22,4 проценти во однос на 2018 година. Во регионот од 2015 година, компанијата бележи просечен годишен раст од 33 проценти.

И понатаму најпродаван автомобил во светот е SUV XC60, со продадени 204.965 возила. Следат СУВ возилата XU40 и XC90, додека седаните и караваните од сериите 90 и 60 , исто така, значително придонесоа за растот на продажбата во Кина и Европа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *