ВОЗ ВО ИТАЛИЈА ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ, ПРИ ШТО ЗАГИНАА ДВАЈЦА МАШИНОВОЗАЧИ

Две лица загинаа, а околу триесет се повредени кога брз воз кој ги поврзува Милано и Салерно утрово излета од шините во близина на Лоди, кај Милано, јавуваат италијанските медиуми.

Несреќата се случила на околу 50 километри јужно од Милано.

Полицијата објави дека железничкиот сообраќај е во прекин помеѓу Милано и Болоња поради несреќата.

Италијанскиот началник за цивилна заштита ја потврди смртта на двајцата машиновозачи и додаде дека 27 патници се повредени, но никој од нив не претрпел повреди опасни по живот.

Предната локомотива/управувачница и најмалку еден вагон излетале од шините и се превртеле на страна. Според фотографиите, локомотивата излетувајќи од шините се одвоила од останатиот дел на возот и се удрила во блиската зграда што била причина двајцата машиновозачи да загинат на лице место.

Во утринскиот воз кој од железничката станица во Милано замина во 5:10 часот до Салерно, на југот на земјата, имало само 33 патници. Возот излетал од шините по 20 минути од патувањето, на околу 40 километри од Милано.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *