ВИРТУЕЛЕН СИМПОЗИУМ: „ИДНИНАТА СО УПРАВУВАЊЕ НА ТОВАРОТ И ЛАНЦИТЕ НА СНАБДУВАЊЕ“

Секретарот на Министерството за транспорт на САД, Илејн Чао, сенаторот Бен Карден и преставникот Сем Грејвс се дел од гостите на виртуелниот симпозиум закажан на 8. октомври под наслов „Иднината на управување со товарот и ланците на снабдување“.

Transport Topics соработува со CQ Roll Call за да го овозможат и реализираат настанот, со почеток од 10 часот по средноевропско време. Повеќе информации за настанот на следниот линк.

На виртуелниот симпозиум ќе се одржат панел дискусии меѓу индустриските лидери, како и тет -а – тет средби со Чао, Карден и Грејвс.

Еластичноста на ланецот за снабдување доби на голема важност оваа година. Ураганите, пожарите и пандемијата со КОВИД 19 ги принудија носителите на одлуки да размислуваат поинаку за начинот на движење на стоките. Овој симпозиум ја спојува експертизата на креаторите на политиките и на бизнис лидерите.

Бизнис лидерите ќе одржат панел дискусија за овогодишната криза и како ќе влијае врз ланците на снабдување на долг рок. Воедно ќе се осврнат на начините на кои начин превозните средства, логистичарите и 3PLs подобро ќе се спремат во нестабилната побарувачка за товарен превоз.

Други учесници на виртуелниот симпозиум се:

  • Дру Вилкерсон, XPO Logistics, Англија
  • Сид Браун, NFI Industries
  • Џејсон Рингенберг, YRC Worldwide
  • Дру Мекелрој, Transfix

Овој настан ќе биде една сесија во два дела одбележувајки ја и соработката помеѓу Transport Topics и CQ Roll Call.

Треба да видиме некои нови решенија по завршениот симпозиум, само треба да почекаме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *