БИДЕЈЌИ ЛУЃЕТО НЕМА ДА ПРЕСТАНАТ ДА ГЛЕДААТ ВО НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ, ЕДЕН ХОЛАНДСКИ ГРАД СТАВИ СЕМАФОРИ НА ЗЕМЈА

Како секој, кој што живее во еден град, знае, дека денес тротоарите се слободни за сите пешаци, дури и за оние кои се лулат како зомби, со вперени погледи во екраните на своите телефони. Поред иритирањето на останатите пешаци, постојат докази дека ова однесување ги зголемува шансите да не удри возило на патот.

За да се избегне таа судбина за жителите кои се зависници од паметни телефони, еден холандски град тестира пилот-програма за поставување семафори на тротоарот.

Бодегравен (Bodegraven), град во Холандија, има инсталирано LED ленти на тротоарот кои се синхронизираат со сообраќајни сигнали и се претвораат во црвена или зелена боја на пешачките премини, така што луѓето не можат да ги промашат дури и ако нивните очи се насочени надолу кон нивните паметни телефони.

„Привлекувањето на социјалните медиуми, игрите, WhatsApp и музиката е одлична па дури и на сметка на безбедноста во сообраќајот“, рече Кис Оскам, локален пратеник. „Како влада, ние веројатно не можеме да го смениме овој тренд, но сакаме да го предвидиме за понатаму“.

Извор: qz.com

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *