БЕНЗИНСКИТЕ СТАНИЦИ ВО ИТАЛИЈА ПОЧНАА ДА СЕ ЗАТВОРААТ! ПРВО ОНИЕ НА АВТОПАТИТЕ

Од синоќа, среда вечер, бензинските пумпи на автопатите во Италија започнаа да се затвораат заради епидемијата на коронавирусот, соопштија операторите од овој сектор.

Ројтерс додава дека според операторите било невозможно да се гарантираат стандарди за здравствена безбедност и да се одвиваат деловните активности.

„Ла Република“ најавува дека во наредните денови ќе се затвараат и бензинските станици во населените места бидејки не можат да ја гарантираат здравствената безбедност и економската стабилност.

Останатите бензински станици ќе бидат постапно затворани наведуваат од здруженијата на оператори Faib Confesercenti, Fegica Cisl i Figisc / Anisa Confcommercio.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.