АМАЗОН ПОРАЧА ОД МЕРЦЕДЕС 1800 ЕЛЕКТРИЧНИ КОМБИЊА ЗА ВРШЕЊЕ ДОСТАВА
Амазон објави дека порача 1 800 електрични комбиња од германскиот производител на автомобили Мерцедес, во согласност со целта на компанијата да стане неутрална на емисиите на јаглерод до 2040 година.
Компанијата соопшти дека порачката се состоела од 1 200 поголеми модели eSprinter и 600 модели од комбинираните комбиња eVito на Мерцедес.
Амазон соопшти дека овој потег е дел од неговата зацртана цел да се исполнат целите на Парискиот климатски договор дури една деценија порано од предвидениот рок.
Претседателот Доналд Трамп неславно ја повлече САД од договорот, кој е дизајниран да ги спречи глобалните температури да се искачат 2 Целзиусови степени над прединдустриското ниво во 2017 година.
„Го поздравуваме смелото лидерство кое го покажа компанијата Мерцедес -Бенц, со потпишување на Заложба за климата и посветена акција за решавање на климатските промени“ – изјави извршниот директор на Амазон, Џеф Безос.
„Ни треба континуирана иновација и партнерство од производители на автомобили како Мерцедес–Бенц за да се декарбонизира транспортниот сектор и да се справиме со светската криза“ – ја дополнува Безос својата изјава.
Амазон ги зголеми своите инвестиции во иницијативи за климатски промени, отворајќи фонд во вредност од 2 милијарди американски долари за поддршка на компаниите да развиваат климатски технологии.
Исто така оваа порачка не е прва од страна на Амазон за да го смени својот возен парк, туку се согласи да купи 100 000 комбиња од страна на Rivian, почетник во оваа област и во кој Амазон инвестирал повеќе стотици милиони долари.
Но во секој случај, традиционалните компании за испорака, се трудат да ја нарушат доминацијата на Амазон и да направат промени согласно потребите од дадените ситуации во овој случај климатските проемени.
Па така во ова насока UPS порача 10 000 електрични возила од Велика Британија, веќе на почетокот на оваа година.
Во време на прогласената светска пандемија, работата на Амазон е многукратно зголемена заради онлајн порачките кои започнаа да ги практикуваат се поголем број на луѓе. Со зголемување на обемот на работата растат и акциите, кои од година во година се зголемени дури за 84%.