АЛСТОМ СЕ СЛОЖИ ДА ГО КУПИ БОМБАРДИЕР ТРАНСПОРТ
Алстом потпиша меморандум дека целосно ќе го купи Бомбардиер Транспорт, ова беше објавено на 17 јануари 2020 година. Се очекува целосното превзимање да биде завршено во првата половина на 2021 година. Се претпоставува дека цената на купопродажбата ќе се движи од 5,8 милијадри до 6,2 милијарди долари, која што ќе се изврши на следниов начин, еден дел ќе биде со пари, а друг дел со акциски удели во новата Алстом.
Од страна на Алстом сметаат, дека ваквата аквизиција, ќе им ја зацврсне светската позиција во мобилниот транспорт, кој досега бележеше значителен раст. Тие тврдат, дека Алстом во иднина ќе може да одговори на се поголемите потреби за одржлив транспорт и мобилност. Самото купување на Бомбардиер, на Алстом истотака ќе му овозможи комплементарно географско присуство, но и индустриски раст со дополнителни технолошки платформи. Алстом воедно ќе ги подобри своите иновациски капацитети кон паметни и „зелени“ решенија.
Од друга страна, челниците на Бомбардиер, се задоволни од самата промена и нагласија дека ова им остава простор своите сили да ги насочат кон авиоиндустрија, притоа насочувајќи се и кон комерцијалните потреби.
Придобки на Алстом
Со купувањето на Бомбардиер, Алстом ќе ги зацврсти своите позиции во Германија, Обединетото Кралство, Северна Америка и Кина, но истотака ќе овозможи и индустриски развој во Источна Европа и Мексико.
За Алстом придобивките се исклучиво позитивни, тој би го зголемил своето портфолио со акции.
Понатаму Алстом би се посветил на изработка на висечките железници и транспортните возила за патничкиот железнички сообраќаај, во насока на се поголема употреба на железницата како транспортно средство. Алстом своето седиште планира да го префрли во Америка, притоа формирајќи центар за проектирање, дизајн, инжињеринг и високо – технолочки активности за истражување и развој.
Претопувањето на компаниите ќе биде олеснето поради нивната претходна заедничка работа и соработка на заеднички проекти. Но притоа Алстом планира да ги спроведе своите добри практики и политики на работење, финансиска дисциплина и начините на постигнување на профитабилност.
CDPQ ќе остане долгорочен акционер
Во моментов CDPQ – Caisse de dépôt et placement du Québec поседува 32,5% од сопственоста на Бомбардиер, а проценка е дека ќе стане со 18% учесник во сопственоста на Алстом.
На постојните акционери на Алстом ќе им биде понудена можноста да учествуваат во аквизацијата на Бомбардиер. Најголемиот акционер на Алстом, а тоа е акционерот „Бујуг“, им дава целосна поддршка на Алстом, и се претпоставува дека во новата „Алстом“ ќе има оклу 10% од акциите.
Насоки и совети
Главни финансиски советници на Алстом се Rothschild и Co and Société Générale, а Co and Société Générale е банка копја истовремено ја координира целата работа во соработка со Crédit Agricole Corporate & Investment Bank и HSBC.
Додека пак финансиски советници на Бомбардиер се Citigroup Global Markets Inc и UBS Investment Bank. National Bank Financial и Rockefeller Capital Management се финансиски советници на одборот на Бомбардиер, додека пак CDPQ го зеде HSBC како свој финансиски советник во целата процедура.