АЕРОДРОМОТ ИНЧОН ЌЕ ГИ ЗАБРЗА ТЕСТ – ЛЕТОВИТЕ ЗА УРБАНА ВОЗДУШНА МОБИЛНОСТ
Четири компани вклучувајќи го и аеродромот Инчон (Incheon) треба да работат на развој на урбана воздушна мобилност (urban air mobility -UAM) и да воспостават рамка за пробни летови.
Меѓународната аеродромска коорпорација Incheon( Incheon International Airport Corporation (IIAC)) објави партнерство со Хјундаи (Hyundai Motor Company, Hyundai Engineering , Construction Co) и KT Corporation за забрзување на развојот на урбаната воздушна мобилност и спроведување на тест летање.
Потпишан е меморандум за разбирање и четирите страни ќе работат на комерцијализација на овој концепт до 2028 година.
Во јуни 2020 година, корејската влада го објави Корејскиот патоказ за урбана воздушна мобилност воедно наведувајќи ги потребните мерки кои треба да се преземат во насока на комерцијализација на UAM.
Четирите компании се обидуваат да се усогласат со самите дадени насоки од корејската влада. Постои и јавно – приватно финансиран проект што обезбедува основа за проучување на изградбата и работењето на аеродромите за урбаната воздушна мобилност.
Меѓународната аеродромска коорпорација Incheon ќе работи на воспоставување на инфраструктурата и проучување на можноста за користење на режимот на градски (урбан) транспорт, на пример шатлови на аеродром. Сите четири страни ќе ги споделуваат информациите за време на развојот и во иднина ќе работат заеднички на пробните урбани летови.
„Широчината и длабочината на ова партнерство покажуваат се што ќе биде потребно да се изгради сеопфатен екосистем за да им служи на мега-градовите како што е Сеул“- изјави Јаивон Шин, извршен потпредседател и раководител на одделот за урбана воздушна мобилност во Хјундаи Мотор.
„Градењето на робусна инфраструктура и деловен модел е исто толку важно како и развојот на иновативни возила за урбана воздушна мобилност“ – додава Шин во својата изјава.