АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ИСТАНБУЛ: АВИОНОТ СЕ РАСПАДНАЛ НА ТРИ ДЕЛА ПРИ СЛЕТУВАЊЕТО
Вчера, турски патнички авион на авиопревозникот „Пегасус“ со повеќе од 180 лица се распаднал на три дела кога при слетувањето излетал надвор од пистата на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул, во несекојдневна авионска несреќа во која три лица ги загубија животите и повредени се повеќе десетици други.
Трупот на авионот „Боинг 737“, се распаднал во три дела и се запалил кога излетал надвор од пистата во ров висок 3 метри на меѓународниот аеродром „Сабиха Гокчен“, на азиската страна на Истанбул.
Се движевме по пистата околу 20 – 30 секунди. Потоа, авионот одеднаш излета од пистата. Сѐсе случи за само неколку секунди. Беше целосен хаос – изјави еден од патниците.
Несреќата се случила поради лошите временски услови кое го зафати целиот Балкан.
Авионот што летал од Измир, на западниот дел на Турција, имал несреќа поради лошото, изјави гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја.
Тројца турски државјани се загинати, а 179 се повредени, изјави министерот за здравство Фахретин Коца за медиумите.
Во авионот имало 177 патници и шест члена на екипажот, објави државната новинска агенција „Анадолу“, а не вкупно 177 како што беше објавено вчера одма после несреќата од страна на турските власти.
„Несреќата можеше да има посериозни последици“, рече Јерликаја.
Пожарникарите успеале да го угаснат пожарот, кој избувнал по несреќата, јави новинската агенција Анадолу.
Обвинителството во Анкара отвори истрага за несреќата. Аеродромот „Сабиха Гокчен“ е затворен за сообраќај, а летовите се пренасочени кон новиот аеродром во Истанбул.